Излезноста до 13 часот во Охрид е 30,52 % – Дебрца 30,98 %

Мирно и без проблеми се одвива гласањето на сите избирачки места во Охрид. 15 998 охриѓани излегле на гласање до 13 часот.

 |   | 

Мирно и без проблеми се одвива гласањето на сите избирачки места во Охрид.

Според најновите информации од Државната изборна комисија во Охрид до 13 часот на гласање излегле вкупно 15 998 граѓани, односно 30, 52 % од пријавените гласачи.

Струга – 11 479  или 18,70 %

Вевчани – 1 088 или 52,46 %

Дебрца – 1 347 или 30,98 %

На Локалните избори за градоначалничката функција во Охрид во трка се двајца кандидати, Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. 

За Дебрца се гласа за кандидатите Зоран Ногачески-независен и Игор Крцоски од СДСМ и коалицијата.

Во Вевчани Спасе Кочовски од ВМРО ДПМНЕ и Сашо Јанкоски од СДСМ, додека за Струга се борат Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од коалицијата Алијанса на албанците и Алтернатива.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top