Post Views: 0
Од 21 до 25 октомври во посета на Црвениот Крст на Македонија, престојува делегација од меѓународната федерација на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина од Женева. Посетата на гостите е во рамки на нивната мисија за сертифицирање на националните друштва за Црвен Крст и Црвена Полумесечина. „ЦК на Македонија како една од поактивните национални друштва од регионот уште од пред две години учествува во напорите на меѓународното движење на меѓународната федерација за организациска промена во рамките на движењето. Како резултата на искуставата на нашето друштво во делот...
Post Views: 3
Во музејот на Робевци заврши изложбата на етно поставката под наслов „ Вез“. Авторот на изложбата, етнологот Марија Каневче вели дека посетителите еден месец имале можност да се восхитуваат на совршенството на македонскиот вез и колорит.
Етнологот појаснува дека етнолошката поставка, со делови на етно облека од сите краишта на Македонија, со својата оргиналност и мотиви не оставила никого рамнодушен. Пред јавноста биле презентирани делови од кошули и покривала за глава кои датираат од периодот на 19 и 20 век. Изработувач на прекрасната везбена техника на делови...
Post Views: 21
Општинската организација на Црвениот крст од Охрид не е само едно од 35те општински здруженија во земјава, туку се вбројува во оние најактивните. Пофални зборови и одлични оценки Црвениот крст од Охрид доби и од претставниците од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели: „Интензивната соработка со меѓународните организации ни носи позитивни искуства, но ни дава и позитивни насоки кои што ќе ги следиме во иднина.“
„Навистина беше задоволство да се разговара со гостите од Федерацијата,...
Post Views: 9
Министерот за здравство Никола Тодоров вчера ја посети охридската Општа болница и оствари средба со менаџерскиот тим. Тодоров при тоа најави негов личен ангажман за што поскоро надминување на проблемот околу реконструкцијата на старото болничко крило. „Станува збор за проблем на кој сум фокусиран уште од првиот ден од кога сум на чело на Министерството за здравство. Проблемот е во начинот на кој е изведена целата работа, проектот е прилично лошо направен и како резултат на тоа дојдовме до ситуација да размислуваме дали истиот да се реновира или целосно да биде урнат“,...
Post Views: 0
Охрид под лупа на инспекциски контроли. При вчерашната контрола на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на Р. Македонија се одземени 300 пара наочари, 2 компјутери, фрчеа високи глоби, а има и приведено лице. Претседателот на ова координативно тело Мите Костов, вели дека контролите кои досега ги спровеле, вродиле со одредени резултати во борбата против корупцијата криминалот и другите девијации во системот. Конкретно во вчерашната акција на мета биле нотарите, кабелските оператори и подвижните тезги.Повреда на авторските права забележана...
Post Views: 3
Д-р Караѓозоска е задоволна и од тоа колку жената во Македонија е застапена во политиката и во дневно политичките случувања во земјата. Таа потенцира дека УЖ на ВМРО- ДПМНЕ, е едно од најголемите здруженија на жени во политичките партии кое брои околу 100.000 членки на ниво на Македонија. Најважно е Унијата да функционира како едно тело, како дел од партијата на која сме должни да и помогнеме со нашето работење, залагање и посветеност, а за што издвојуваме значаен дел од нашите работни обврски и приватни ангажмани, истакна Караѓозоска.Жените се повеќе завземаат значајно...
Post Views: 0
Вчера инспекторите при координативното тело за заштита на електронска сопственост при Владата на Република Македонија остварија организирана акција во Охрид. Инспекторите утврдија неправилности кај телевизиите „Алтрасат“ и Инфел“. Од страна на МВР се одземени четири ресивери во Алтрасат 2000 и од страна на Министерството за култура ќе биде поднесена пријава согласно Законот за употреба на Македонскиот јазик. Управата за јавни приходи изрече глоба во висина од 4 300 евра. Во Иифел ќе има пријава од Министерството за култура за непочитување на Законот за употреба на...
Post Views: 3
Охридските основци, на едукација во НП „Галичица“. После неодамна одржаната обука за наставен кадар, со обучувачи од Русија, денес во НП „Галичица“, дел од своите искуства пренесуваат професори од Холандија. Целта поради која се ангажираат светски обучувачи, е обезбедување висококвалитетна обука на вработените, кои пак на целните групи треба стручно да им ги објаснат природните и културните пејсажи на паркот, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Директорот вели дека соработката со светските еколози не случајна. Додава, дека посебно му причинува задоволство што...
Post Views: 0
Министерството за култура повеќе од 4 години нема одвоено пари за експропријација на објекти на кои се откриени различни археолошки наоди. Нетрпеливи стануваат и сопствениците на објектите кои чекаат да се решат имотните односи.. Директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, изјави за ТВМ дека нивната институција конкурирала со проект за 2012 година за одобрување на финансиски средства за оваа намена. Од Завод и Музеј не откриваат колку пари побарале од ресорното министерство. Кратко велат дека ќе чекаат на одлуката до март идната година дали ќе добијат...
Post Views: 5
АБР Револуционерната рехабилитациона терапија, полека го наоѓа своето место меѓу пациентите. Овој современ метод на рехабилитација, кој пред една година срамежливо беше претставен кај нас, со своите неоспорливи резултати, ја стекнува довербата и кај пациентите и кај нивните родители. Криста Биненс од Белгија која во потрага по помош за сопственото дете се сретнала со Леонид Блум, креаторот на АБР техниката, повторно во Охрид како дел од тимот кој ќе зборува за трајноста на резултатите од оваа терапија.
„Никогаш не се привремени резултатите. Можете да ги постигнете дури...
Post Views: 3
Итно се потребни средства за лекување на 25 годишната Ивана Павлеска, која боледува од акутна леукемија. На лекување треба да замине овој понеделник, а за терапијата се потребни поголема сума на средства, кои нејзиното семејство не може да ги обезбеди. Затоа, Ве молиме да бидете хумани, да донирате средства и да и помогнеме на Ивана да се излекува. Можете да донирате 100 денари со вртење на телефонскиот број 070/143-132, да извршите уплата на следнава жиро сметка: 200001970854819 или да присуствувате на хуманитарните забави кои се организираат со цел да се соберат...
Post Views: 0
ДУП -те, за опфатите „Табана„ и „Ривиера“ никако да стигнат пред охридските советници. Сопствениците на дел од земјиштето кое треба да се реши со донесување на Дуповите, прашуваат, зошто толку време е потребно истите да поминат на Совет? Во дописот кој стигна до нашата ТВ куќа, стои дека сопствениците дополнително се загрижени дека со донесувањето на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, постапката дополнително ќе се забави. Од Министерството за Транспорт и Врски не информираа дека согласно Законот за просторно...