Претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во посета на колешките од Охрид

Одржано генералното собрание на Унијата на жени  на Вмро Дпмне од Охрид. Пред бројните членови на унијата, гости и симпатизери на Вмро Дпмне претседателката на УЖ во Охрид, Славица Јанковска даде  отчет за сработеното во изминатата година.

 |  Валентина Нелоска  | 
unija zeni
unija zeni

Д-р Караѓозоска е задоволна и од тоа колку жената во Македонија е застапена во политиката и во дневно политичките случувања во земјата.  Таа потенцира дека УЖ на ВМРО- ДПМНЕ, е едно од најголемите здруженија на жени во политичките партии кое брои околу 100.000 членки на ниво на Македонија. Најважно е Унијата да функционира како едно тело, како дел од партијата на која сме должни да и помогнеме со нашето работење, залагање и посветеност, а за што издвојуваме значаен дел од нашите работни обврски и приватни ангажмани, истакна Караѓозоска.
Жените се повеќе завземаат значајно место во полтичкото живеење,  ги има на раководни функции, во советите на општините, парламентот, за што голема заслуга има актуелната Влада, истакна претседателот на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ, д-р Даниела Караѓозоска.
При тоа, претседателката  најави дека и во престојниот период  жените од ВМРО- ДПМНЕ ќе бидат помеѓу граѓаните  преку организирање на бројни едукативни трибини и хуманитарни активности со цел да им помогнат на сите категории граѓани  кои имаат потреба од  помош.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top