Апел за помош

Итно се потребни средства за лекување на 25 годишната Ивана Павлеска, која боледува од акутна леукемија.

 |   | 
helping hand
helping hand

Итно се потребни средства за лекување на 25 годишната Ивана Павлеска, која боледува од акутна леукемија. На лекување треба да замине овој понеделник, а за терапијата се потребни поголема сума на средства, кои нејзиното семејство не може да ги обезбеди. Затоа, Ве молиме да бидете хумани, да донирате средства и да и помогнеме на Ивана да се излекува. Можете да донирате 100 денари со вртење на телефонскиот број  070/143-132, да извршите уплата на следнава жиро сметка: 200001970854819 или да присуствувате на хуманитарните забави кои се организираат со цел да се соберат средства за Ивана.

Утре (петок) се организира хуманитарна забава  во кафе бар „Арена“, со почеток во 21 часот. Во недела, Ансамблот „Македонка“ организира хуманитарен концерт, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19 часот. Бидете хумани, донирајте средства за да и помогнеме на Ивана да го продолжи својот млад живот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top