Уште се чека на „Табана„ и „Ривиера“

Деталните урбанистички планови за опфатите „Табана“ и „Ривиера“ и после една година од нивното претставување пред охриѓани, сеуште во фаза на реализација.

 |  Крсте Голабоски  | 
tabana
tabana

ДУП -те, за опфатите „Табана„ и „Ривиера“ никако да стигнат пред охридските советници. Сопствениците на дел од земјиштето кое треба да се реши со  донесување на Дуповите, прашуваат, зошто толку време е потребно истите да поминат на Совет? Во дописот кој стигна до нашата ТВ куќа, стои дека сопствениците дополнително се загрижени дека со донесувањето на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, постапката дополнително ќе се забави. Од Министерството за Транспорт и Врски не информираа дека согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање нацрт-деталните урбанистички планови е потребно прво да бидат предмет на расправа на Советот на општината, по што се бараат соодветните мислења и согласности од релевантните институции. Првиот човек на урбанизам, Бранко Аранудов информира дека во врска овие планови, сеуште течат консултациите со Управата за заштита на културното наследство.
„Тие се во работна верзија, сеуште. Се прават консултации со Управата за заштита на културнаото наследство. Се во работна верзија. Се одржа една презентација со граѓаните да се запознаат со тие два плана и во постапка се сега да се изработаат нивните нацрт планови“, кажува Арнаудов.

tabana30-тина семејства, сопственици на дел од ова земјиште, и досега имале можност за градба, според важечкиот ДУП за ова место донесен во 1996 година, но како што велат самите, не го оствариле досега своето право по сугестија, да се почека новиот НДУП во кој ќе има и согласност од страна на „Управата за заштита на културно наследство“.  Инаку, важечкиот ДУП е донесен во време кога за негова изработка не била потребна експертизата на ова тело. Во извештајот за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на Општина Охрид, од 01.04 до 30.06.2011 е наведено дека нацрт плановите се во фаза на реализација и дека се спремни за на Совет, но сепак до тоа никако да дојде, велат сопствениците. Раководителот на урбанизам, ја објасни постапката.

Arnaudov„После изработката на нацрт плановите тие ќе бидат разгледани од страна на комисијата и доколку се согласно насоките на Министерството за култура и законските прописи, понатака комисијата дава мислење со кое предлага истите да се утврдат во нацрт на совет, па после да одат на јавна расправа и анкета и да понатака продолжи процедурата за донесување“, објаснува Аранудов.
Наследниците на ова земјиште се разочарани, но се надеваат дека конечно ќе дојде до донесување на овие НДУП-ови и дека конечно ќе им биде овозможено со Устав загарантираното право на сопственост на нивно наследство и можност за градење на истото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top