ni vamu ni tamu

Охриѓани во сабота „Ни ваму, ни таму“

Post Views: 1 Оваа сабота праизведба на претставата „Ни ваму, ни таму“ на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа. Тема на претставата, вечниот македонски политичко-социјален мотив, печалбарството.Уште една театарска премиера пред охриѓани. Тема на претставата „Ни ваму, ни таму“ претставува вечниот македонски политичко социјален мотив, печалбарството. Љупчо Тодоровски-Упа, еден од сценаристите и актер во претставата, кажува дека станува збор за еден ден во животите на двајцата случајни патници и главни актери, кои заглавени зарaди лошото време на еден Eвропски аеродром,...

Continue reading

lipi

Супер радио во акција – Стави потпис – спаси дрво

Post Views: 8 Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид  поставен e пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани и за неа жолчно се дебатира. Некои ја поддржуваат акцијата за отстранување на старите и менување со нови дрвја, но сепак најголемиот број граѓани се остро против овој, според нив, „масакр“ на зеленилото во центарот на градот. – Она што е основното барање на оваа граѓанска иницијатива, односно пред...

Continue reading

fudbaleri

Сечија помош за спас на ФК Охрид 2004 е добредојдена!

Post Views: 7 Ова беше заклучокот на денешната средба помеѓу градоначалникот Петрески и фудбалерите на ФК Охрид 2004. За да се надмине кризата, градоначалникот најави формирање на координативно тело во кое ќе има претставници од сите добромисленици за Охридскиот прволигаш. Ова се денови во кои тешко е да се видат границите помеѓу спортот и политичко-финансиските игри. Охридскиот фудбалски прволигаш, Охрид 2004 ги доживува своите најтешки мигови. Разрешницата на проблемот со неисплатените плати на фудбалерите станува се посложена. Фактот дека потписник на жиросметката од која фудбалерите...

Continue reading

lipi

Липите потенцијална бомба

Post Views: 1 Обвинувањата дека се уништува градското зеленило не држат тврди првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“,  Сашо Алчев, по сечата  на 24 липи од дрворедот на улицата Димитар Влахов. Дрворедот ќе се обнови со нови садници од видот јапоникум лигуструм. Стручните лица појаснуваат дека стеблата за две години  ќе формираат крошни и ќе прават сенка како и липите.  Алчев, пак  вели дека на потегот од гимназијата до општинската зграда ќе се засадат нови 44 стебла на зимзелени дрвја. Кореновиот систем на липите правеше оштетување на подземните водови и тротоари, а  дрвјата предизвикуваат...

Continue reading

delikvencija

Формиран локалниот Совет за превенција од малолетничко престапништво

Post Views: 6 Формирано тело за превенција од малолетничко престапништво. Неодамна Советот на општината, даде зелено светло за формирање на Совет за превенција од малолетничко престапништво. Во него се вклучени претставници од МНР, МТСП, од училиштата, судовите и обвинителствата. Секретарот на Општината, Димитрија Вревезоски истакна дека улогата на ова тело во суштина е превентивна. „Охрид е една од првите општини која формира ваков совет,  тој совет ќе носи своја програма годишна, еднаш годишно има обврска да достави извештај до Советот на Општина Охрид за својата работа, како и...

Continue reading

kucinja

Жителите бараат хуман третман кон животните скитници

Post Views: 3 Мирјана Зеко и нејзините соседи се  длабоко потресени од вчерашната старвична  глетка на куче кое умирало во агонија од затруена храна на улицата Гоце Делчев во Воска. Кучето скитник беше миленик на сите во малата, го хранеле и не било агресивно. Очевидци на настанот биле и 20 -тина деца кои биле во непосредна близина и го чекале училишниот автобус. Зеко прашува каква порака со тоа им се упатува на децата. Реагира  на нехуманиот однос на луѓето кои ги трујат кучињата  скитници. Мирјана  Зеко непријатно искуство имала пред неколку години  со нејзиниот домашен миленик...

Continue reading

Vasil Risteski

Каков е бенефитот за граѓаните од медијацијата во судските спорови?

Post Views: 3 Еден од проблемите со кои се соочува медијаторството во земјава е тоа што како концепт тоа е слабо промовирано од страна на самите медијатори, но и самите граѓани не знаат за што станува збор и кои се бенефитите кои тоа ги носи. „Корисноста е пред се токму на граѓаните кои што имаат спор. Зошто најголема корисноста? Токму од тој што велите за жал финансиски аспект. Значи медијаторската постапка е ограничена на максимум 45 дена, што не значи дека ние ќе имаме ангажман токму 45 дена. Медијациските постапки можат да завршат и за два и три часа, а таа цена за награда на...

Continue reading

uniformi

Учениците од Гимназија и Економски ги добија униформите

Post Views: 14 Се комплетираат униформите за учениците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски. Поло маичките и блузите со долги ракави им се поделија на учениците, треба да им се достават само уште елеците. И покрај тоа што постапката за униформите одамна заврши, дел од родителите сеуште реагираат на цената која ја плаќаат во споредба со квалитетот кој го добија. Директорот на ОСУ Св. Климент Охридски, Наум Рилковски уште еднаш за ТВ М ја објасни постапката според која училиштето ги набави униформите. Тој вели дека училиштето не објави тендер затоа што униформите не...

Continue reading

makedonija pat

Нови ознаки на патиштата

Post Views: 4 Многу новини во работата на „Македонија пат“. Владата на Р. Македонија на седницата одржана на 20. септември годинава, донесе одлука за категоризација на државните патишта. Со тоа настанаа промени во делот надлежностите и приоритетите на одржување, на патната мрежа. Новата категоризација е направена според следени податоци на број на население и оптеретеност на патна мрежа. Директорот на Р.Е. „Македонија Пат“ Лазо Страврески ги кажа измените на регионално ниво. „Во делот на регионалните патишта кои се однесуваат за општина Охрид, ќе напоменам дека патниот правец Охрид-Подмоље-Струга-Радожда...

Continue reading

Petreski

Брат за брат-сирењето со пари!

Post Views: 7 Бурна расправа и остри реторики предизвика втората точка на дневниот ред на четириесеттата седница на Советот на општина Охрид. Станува збор за точка која беше вметната во дневниот ред на предлог на градоначалникот Петрески, а се однесуваше на јавната набавка на средства за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Охрид.Партиски препукувања и заострени коментари ја одбележаа четириесеттата седница на советот на општина Охрид, а спротиставените ставови на советничките групи ги извлече втората точка на дневниот ред. Оваа точка не беше во првичната верзија...

Continue reading

sednica sovet

Маратонска 40-та седница на Советот на општината

Post Views: 2 Четирисеттата седница на Советот на општината ги умори Охридските советници. Препукувањата околу предлог одлуката за поставување јавна набавка во врска доделување договор за реконструкција на дел од уличното осветлување кои деновиве беа дел од медиумскиот интерес, продолжија на седницата на советот, а резултат беше не изгласувањето на истата, речиси едногласно. Зелено светло доби предлог одлуката за формирање Совет за превенција на малолетничко претставништво, која од говорницата ја поздрави и Александар Лазоски претставникот на УНИЦЕФ, за Македонија. Помина и предлог...

Continue reading

fasada

Ситиот на гладниот не му верува

Post Views: 1 Сопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза. Во недостиг на финасии сега се растргнати меѓу високите казни од кои боли глава и своите можности за да ја завршат и обојат надворешноста на својот дом.    Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вели дека засега немаат точна цифра на нефасадирани објекти во Охрид. Нивните сознанија се дека повеќето нефасадираните објекти се во руралните средини, а во градот нивната бројка е помала.Во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top