Нови ознаки на патиштата

Новините за регионов ги најави првиот човек на Р.Е. „Македонија пат“, Лазе Страврески. Магистралните патишта добија нови ознаки, наместо М-4 сега ќе биде А-2 додека М-5, А-3.

 |  Билјана Николоска  | 
makedonija pat
makedonija pat

magistralni patishtaМногу новини во работата на „Македонија пат“. Владата на Р. Македонија на седницата одржана на 20. септември годинава, донесе одлука за категоризација на државните патишта. Со тоа настанаа промени во делот надлежностите и приоритетите на одржување, на патната мрежа. Новата категоризација е направена според следени податоци на број на население и оптеретеност на патна мрежа. Директорот на Р.Е. „Македонија Пат“ Лазо Страврески ги кажа измените на регионално ниво.
„Во делот на регионалните патишта кои се однесуваат за општина Охрид, ќе напоменам дека патниот правец Охрид-Подмоље-Струга-Радожда се категоризира во регионален пат 1 и добива ознака 208 а старата беше 420 значи ќе се одржува во прв приоритет“, вели Ставрески.
Новините во врска категоризација на патната мраже за делови на регионов  е дискутабилна, вели Ставрески. Знак прашалик е понатамошното одржувањето од страна на екипите на Македонија Пат на делови од Дебрца, додава тој.
Познато е дека години наназад големи забелешки во врска одржувањето на патната мрежа во регионов се упатени на адреса на Макеоднија Пат. Останува да видиме дали новата категоризација на патиштата ќе придонесе за подобрување на состојбата. Тоа се однесуваа на подготвеност на единицата не само кадровски туку и механо – технички. И не само за време на ризичниот зимски период, туку и во летната сезона, посебно на патниот правец Охрид-Св Наум, кога некогаш тревата на патот е толку израсната што во прашање ја доведува видливоста на коловозот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top