Охриѓани во сабота „Ни ваму, ни таму“

Оваа сабота праизведба на претставата „Ни ваму, ни таму“ на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа. Тема на претставата, вечниот македонски политичко-социјален мотив, печалбарството.

 |  Крсте Голабовски  | 
ni vamu ni tamu
ни ваму ни таму

Оваа сабота праизведба на претставата „Ни ваму, ни таму“ на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа. Тема на претставата, вечниот македонски политичко-социјален мотив, печалбарството.
Уште една театарска премиера пред охриѓани. Тема на претставата „Ни ваму, ни таму“ претставува вечниот македонски политичко социјален мотив, печалбарството. Љупчо Тодоровски-Упа, еден од сценаристите и актер во претставата, кажува дека станува збор за еден ден во животите на двајцата случајни патници и главни актери, кои заглавени зарaди лошото време на еден Eвропски аеродром, го чекаат својот лет за надвор и за дома.
„Идејата беше многу едноставна.слушнавме на радио дека минатата година 2009 година првпат во Македонија бројот на доселеници и иселеници е еднаков. Ако продолжи тој тренд оваа година 2010 ќе имаме повеќе доселени, отколку отселени лица3 објаснува Упа.
ni vamu ni tamuГлавните виновници за претставата Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски – Упа, велат дека ова е само прва епиозда од една трилогија. Дамевски додава дека многу од нивните животни судбини е проткаено во приказната на оваа претстава. И покрај сериозноста на темата на оваа претстава, сепак, наша цел да го подигнеме расположението на публиката, вели Симеон Дамески, сценарист и еден од актерите.
„Ние се обидовме да најдеме нешто смешно и духовиот во животот кој го живееме, зошто инаку е многу темно. Јас лично верувам, дека целта на уметноста е малку да ве поткрене и со емоциите и со расположението, и по мое убедување животот е доволно темен надвор“, додава Дамевски.

Оваа тетарска претстава  претсавува еден поинаков, посвеж и многу подуховит осврт на истиот проблем – дали да да се оди НАДВОР или да се остане дома, додава Дамевски. Својата претпремиера претставата „Ни ваму, ни таму“ ќе ја доживее на 04.11, додека премиерата е наредниот ден на 05.11. во Центарот за култура „Григор Прличев“ Цената на влезниците за претпремиерата изнесува 100, додека за премиерата 150 денари. Инаку средствата за реализација на претставата се одобрени од Министерството за култура на РМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top