Учениците од Гимназија и Економски ги добија униформите

Се комплетираат униформите за учениците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски. Поло маичките и блузите со долги ракави им се поделија на учениците, треба да им се достават само уште елеците.

 |  Татјана Маленкова  | 
uniformi
uniformi

Се комплетираат униформите за учениците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски. Поло маичките и блузите со долги ракави им се поделија на учениците, треба да им се достават само уште елеците.
И покрај тоа што постапката за униформите одамна заврши, дел од родителите сеуште реагираат на цената која ја плаќаат во споредба со квалитетот кој го добија.

Директорот на ОСУ Св. Климент Охридски, Наум Рилковски уште еднаш за ТВ М ја објасни постапката според која училиштето ги набави униформите.
Тој вели дека училиштето не објави тендер затоа што униформите не се набавуваат нити со средства од училиштето,  нити од министерството за образование. Поради тоа се одело со побарување на фирми, по што се донела и  одлука. „Сето ова е заведено и во записници. Одлука за униформи беше донесена од секој клас поединечно од прва до четврта година, по одржани родителски средби. Истата беше потврдена и на советот на родители. Сето тоа помина на наставнички совет, по што се формираше седумчлена комисија во која четири членови беа од советот на родители и тројца претставници од професорите“, информира Рилковски. Тој појаснува дека комисијата заседавала три пати во текот на претходната година, по што се донела одлуката.

Rilkoski„ Во однос на понудите имавме четири понуди од кои една ја повлековме пред да се отценува, одбрана е понудата на „Модена“ – охрид, висината на цената е 1947 денари со ДДВ и ги има посебно елекот без ракави, поло маица со краток ракав и со долг ракав поединечно цените и уште останатите две понуди „Вестмар ДООЕЛ“ – 2773 денари,, цени без ДДВ, 2600 денари понудата од „РИЧИ“ без ДДВ. По квалитет најдобра беше понудата од „Ричи“,  но може да замислите што ќе беше ако одлучевме за таа понуда„, вели  директор на ОСУ СВ. Климент Охридски, Наум Рилковски.

Рилковски појаснува дека раководството на училиштето смета дека со униформите сега се запазиува имиџот на училиштето, но и еднаквост помеѓу учениците.

„ Треба времето да покаже дали сме одбрале права фирма, бидејќи не се работи само за имиџот на училиштето и ние сме први кои ќе го воведеме ова во општината можеби и на ниво на Македонија од општинските средни училишта, добро е и поради социјалните случаи сите да бидат исти да нема препукување меѓу учениците и најважно по мое е од безбедносна мерка бидејќи имаме многу ученици и повоздрасни кои доаѓаат во училиштето, а не знаеме кои се и што се, така да и во тој поглед ова се ќе биде добро“ вели Рилковски.

При набавката на униформите училиштето потпомогнато од градоначалникот успеало да им помогне на 124 ученици. Дел од нив биле социјални случаи, а дел деца на семејства кои имале по две или три деца во истото училиште.  „На сите кои се пријавија деке им е проблем цената им овозможивме да бидат рамноправни со останатите“, вели директорот Рилковски.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top