Маратонска 40-та седница на Советот на општината

Препукувањата помеѓу двата најголеми политички субјекти во врска предлогот за замена на уличното осветлување, продолжија и на седницата на Советот на општината. Резултат, точката не доби зелено светло.

 |  Крсте Голабоски  | 
sednica sovet
sednica sovet

sednica sovetЧетирисеттата седница на Советот на општината ги умори Охридските советници. Препукувањата околу предлог одлуката за поставување јавна набавка во врска доделување договор за реконструкција на дел од уличното осветлување кои деновиве беа дел од медиумскиот интерес, продолжија на седницата на советот, а резултат беше не изгласувањето на истата, речиси едногласно. Зелено светло доби предлог одлуката за формирање Совет за превенција на малолетничко претставништво, која од говорницата ја поздрави и Александар Лазоски претставникот на УНИЦЕФ, за Македонија. Помина и предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ останаа на веќе изградениот негативен став од минатата седница.

„Ја респектираме одлуката на колегата Џемо, меѓутоа остануваме на ставот дека ЈП можеше на други начини да ги обезбееди овие средства, затоа што не станува збор за некои големи средства кои може да се обезбедат од тековното работење“, изјави Дамоска.

sednica sovetДамоска додаде дека ЈП не треба да се обременува со долонителни заеми, кои потоа треба да се враќаат со камати. Советникот Ахмед Патељ, изјави дека 60.000 евра не се мала сума, и за проект кој е од јавен интерес.Што се однесува до задолжувањето, Патељ потенцира дека голем број од ЈП-ја во Македонија, се задолжуваат на овој начин.

„ Жално е е еве гледаме повторно од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, еден проект од јавен интерес на сите граѓани од Охрид, да биде одбиен на ваков начин.“, објасни Патељ.

Дневниот ред на седницата на барање на советникот Дејан Паноски беше надополнет и со точката за  информирање на граѓаните околу реконструкцијата на дрворедите на улицата Димитар влахов. Советникот за улици Зоран Шикалески пред советниците го објасни овој проект.

„Околу потребите дали треба или не треба, се расправаше доста на јавната анкета, на комисијата, се расправаше доста околу овие работи, одприлика тоа е тоа околу реконструкцијата на дрворедите“, кажа Шикалески.

Меѓутоа, предлагачот на точката, советникот Паноски не беше задоволен од информацијата која ја раководителот на пласира пред советниците ја нарече тотално некоректна.

„Не сум задоволен од изнесената информација бидејќи не ја покажа потребната методологија на сечењето на дрвјата на ваков начин како што се пресечени“, кратко изјави Паноски.

Советниците со зелено светло и за предлог одлуките подигање спомен обележје на Цар Самоил, како и на божицата Изида. Градоначалникот Петрески најави дека размилсува да побара споменикот на Самоил од Скопје да биде префрлен во Охрид, на мини плоштадот, кај стариот чинар.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top