Post Views: 25
Општо е познато дека години наназад Охрид се соочува со неконтролирана градежна експанзија. Дали се гради легално или не, тоа не може со точност да се каже, бидејќи и надлежниот инспекторат се соочува со реален проблем, дефицит на кадри. Недоследностите кои постојат во градежната сфера во Охрид, колку и да звучи неверојатно, треба да ги открие и санкционира само еден градежен инспектор. Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, се согласува со нашата забелешка, вели дека е на место и точно е тоа дека се кубури со градежни инспектори. Танасоски рече...
Post Views: 7
Охрид ќе добие затворен 25 – метарски базен. Овој објект кој ќе го гради агенцијата за млади и спорт е еден од 9 те пливачки базени, кои ќе се градат наредната година од страна на Агенцијата. Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена и на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше соопштено дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање.
„Пратејќи ги владините седници во кои се зборуваше за Охрид, добив впечаток, а тоа го кажа и премиерот дека сум вршел опстукции на владините проекти наменети...
Post Views: 1
Каде се дрвата од шумата на црквата кај Св. Наум? Дали завршија во рацете на одредени гласачи пред последните предвремени парламентарни избори? Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, бара одговор на овие прашање од директорот на паркот, бидејќи смета дека охридската јавност има право да знае што се случува на тоа поле.Петрески на истата адреса лоцира и уште еден сериозен проблем, проширувањето и асвалтирањето на патот до Велество. Работите околу средување на овој патен правец биле отпочнати и биле обезбедени и парични средства, но биле стопирани, рече Петрески....
Post Views: 16
Ревизорскиот извештај за Охрид, не доби позитивно мислење. Деновиве Државниот завод за ревизија го објави извештајот на државниот ревизор за финансиските извештаи и буџетот на општина Охрид за 2010 год. Негативното мислење на државниот ревизор е во однос на неусогласеноста на финансиските трансакции со законската регулатива. Во извештајот стои дека општината за надминување на финансиската нестабилност во која се наоѓа, не ги следела препораките за преземање мерки согласно законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Портпаролот Симон Илиевски во кратки...
Post Views: 8
Има голем број на позитивни примери за меѓуопштинска соработка, но посебно се истакнува примерот на заедничкиот настап на источниот и североисточниот плански регион. Тие формираат меѓуопштинско претпријатие за управување со цврст отпад со кое ќе аплицираат за европски фондови во висина од околу 80 милиони евра.„УНДП во соработка со Министерството за локална самоуправа веќе има спроведено една активност, да направи едно досие ако може така да се рече на добри практики токму заради тоа што сметаме дека е многу важно да се инспирираат општините да учат од своите колеги....
Post Views: 4
Долгоочекуваната средба Груевски Петрески конечно се оствари. Тема на средбата било влегувањето на Охрид во втора фаза на децентрализација, како и реализација на кредитно задолжување на општина Охрид.
„Па јас на премиерот му образложив со кои проблеми се соочуваме дека имаме сериозни проблеми во финансиското осамостојување дека од тие причини сме принудени да работиме на граница на законитост, дека тоа не е добо за општината и дека тоа не е добро за граѓаните на општина Охрид. Гледате со какви пробелеми во владава се соочуваат и во европските држави кои можат и да...
Post Views: 0
Се погласни се коментарите околу предлогот да им се даде право на управување на моторно возило на лица со наполнети 16 години. Доколку овој предлог биде изгласан, се предвидува дека постар малолетник може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило. Според некои автошколи кои се први едукатори во сообраќајот, овој предлог е сосема неоправдан и дека е неодговорно да се дава дозвола на малолетно лице кое сеуште не е во состојба да ги следи состојбите во сообраќајот. Тие велат, поседувањето на возачката дозвола не е мерило на безбедноста во сообраќајот....
Post Views: 3
Уште едно одлагање на главниот претрес од судското рочиште за глисерската несреќа. И на за денес закажаниот главен претрес, не се појави провообвинетиот Кристијан Шапкар. Адвокатот Надица Димитрова, која од неодамна ја презеде одбраната на Шапкар, го информира судот дека причина за отсуството е скршеница на десната рака на првообвинетиот и закажаниот оперативен зафат. Инаку според информациите на адвокатот на провообвинетиот, хируршкиот зафат ќе се изврши во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, од страна на Доктор Љубомир Богоевски.Инаку...
Post Views: 1
Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичните дела „Предизвикување општа опасност„ и „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (21) од населбата Велгошти.
Денес рано наутро, во 04 часот и 55 минути, пријавениот, пред ноќниот клуб „Наполеон„ неовластено пукал од огнено оружје-ловна пушка марка „ Црвена застава„ сопственост на неговиот татко, која ја поседувал со соодветна дозвола.
На пукањето со огненото оружје, му претходела вербална расправија и нарушување на јавниот...
Post Views: 6
Тајните на вештата охридска жена, нејзиното прекрасно везење, шиење на народни носии и плетење допреа до младите. „Ракотворбите од бабиното ковчеџе“ е насловот на проектот кој веќе четири месеци се спроведува во соработка со општина Охрид, односно секторот за туризам и локален економски развој. Денешната работилница со наслов „Вредните бабини раце“ беше наменета за младите средношколки кои покажаа голем интерес да ги научат овие вештини. Ги запрашавме кои вештини кај нив пробудиле интерес и зошто е важно нивното изучување.
„Уште како мала ја гледав баба ми како умешно...
Post Views: 15
За 4 години од кога започна да се применува Законот за слободен пристап до информации постојано има тенденција на зголемување на користење на ова право од страна на граѓаните. Тие најчесто на адреса на Локалната самоуправа упатувале прашања од областа на урбанизмот, комуналните дејности и финасиите на општината, вели Васил Ложанкоски од Локалната самоуправа. „Годинава граѓаните се интерсирале кога и како е донесен Деталниот урбанистички план, кој се начините за донесување, кои улици ќе се асфалтираат и колку чини тоа, кој изведувал градежни работи, како се трошат...
Post Views: 0
Сеуште постои нелегална сеча на дрва во Н.П. „Галичица“. Последниве години многу се работеше на подобрување на состојбата во паркот. Се изградија неколку објекти од суштинско значење, паркот се обележа со информативни табли, се обележаа патеки за разни рекреативни активности , вели првиот чекор на оваа установа Зоран Ангелоски. Тој додава дека меѓу другото активно работат и на преземање соодветни законски мерки за сузбивање на неколкуте негативни појави кои се регистрираат во паркот, како што е тоа незаконската сеча на дрва и лов.Санкциите за сторителите на нелегалната...