Граѓаните ја прашуваат Локалната самоуправа

За 4 години од кога започна да се применува Законот за слободен пристап до информации постојано има тенденција на зголемување на користење на ова право од страна на граѓаните. Тие најчесто на адреса на Локалната самоуправа упатувале прашања од областа на урбанизмот, комуналните дејности и  финасиите на општината, вели Васил Ложанкоски од Локалната самоуправа.

 |  Валентина Нелоска  | 
Vasil Lozankoski
Vasil Lozankoski

За 4 години од кога започна да се применува Законот за слободен пристап до информации постојано има тенденција на зголемување на користење на ова право од страна на граѓаните. Тие најчесто на адреса на Локалната самоуправа упатувале прашања од областа на урбанизмот, комуналните дејности и  финасиите на општината, вели Васил Ложанкоски од Локалната самоуправа. „Годинава граѓаните се интерсирале кога и како е донесен Деталниот урбанистички план, кој се начините за донесување, кои улици ќе се асфалтираат и колку чини тоа, кој изведувал градежни работи, како се трошат општинските буџетски средства, колку се издвојуваат средства за промоција на туризмот, колку средства за издвоиле за патување во странство на поединци или вкупно на Локалната самоуправа“.
Во последните две години до општина Охрид пристигнувале по  40-тина прашања и тоа најчесто по електронски пат. Оваа година се очекува приближна бројка. Васил Ложанкоски кажува дека најчесто го почитуваат законскиот рок  на одговор по бараните информации од 30 дена, а некогаш одговараат и побрзо  ако е тоа потребно за медиумите. „Но, новинарите многу малку бараат информации според овој закон за истражувачко новинарство“, нагласува Ложанкоски.
За неиздавање информација според Законот за слободен пристап до информациите глобите се многу високи и се движат од  1500 евра за одговорното лице до 3000 евра за раководното лице. Од 2006 година до сега  била вложена само една жалба до Комисијата за заштита на правото до Слободен пристап до информации, а постапката завршила во корист на Локалната самоуправа вели Ложанкоски. Според Законот за слободен пристап до информации право на барање имаат сите  правни и физички лица од сите јавни претпријатија и институции. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top