Одложен судскиот порцес за глисерската несреќа поради скршеница

Првообвинетиот Кристијан Шапкар не се појави и на денешниот главен претрес поради здравствени причини.

 |  Крсте Голабовски  | 
sudenje gliserska nesreka
sudenje gliserska nesreka

gliserska nesrekaУште едно одлагање на главниот претрес од судското рочиште за глисерската несреќа. И на за денес закажаниот главен претрес, не се појави провообвинетиот Кристијан Шапкар. Адвокатот Надица Димитрова, која од неодамна ја презеде одбраната на Шапкар, го информира судот дека причина за отсуството е скршеница на десната рака на првообвинетиот и закажаниот оперативен зафат. Инаку според информациите на адвокатот на провообвинетиот, хируршкиот зафат ќе се изврши во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, од страна на Доктор Љубомир Богоевски.
Инаку на денешниот главен судиски претрес, требаше да бидат сослушани и сведоците Данаил Шајноски, Богоја Матоски и сведокот и оштетен Ивана Шапкар.  Ова е веќе петнаесетто закажано судско рочиште за овој случај. Досега се одложени девет рочишта на барање на адвокатскиот тим на одбраната. Првото судско рочиште за глисерската несреќа се одржа на 13-ти мај 2010 година. Милчо Клишески судијата кој го води овој судски процес, следното рочиште го закажа за 19-ти наредниот месец.  Во несреќата  која се случи на 22.08. 2009 година, настрада Ирина Романова Муцински, додека Кристијан Шапкар заработи кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top