Охрид продолжува да ја полни црната хроника

Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичните дела „Предизвикување општа опасност„ и „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (21) од населбата Велгошти.

 |  Мишел Наумоски  | 
svr
svr

Stefan dimoskiПоради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичните дела „Предизвикување општа опасност„ и „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (21) од населбата Велгошти.

Денес рано наутро, во 04 часот и 55 минути, пријавениот, пред ноќниот клуб „Наполеон„ неовластено пукал од огнено оружје-ловна пушка марка „ Црвена застава„ сопственост на неговиот татко, која ја поседувал со соодветна дозвола.

На пукањето со огненото оружје, му претходела вербална расправија и нарушување на јавниот ред и мир помеѓу А.М. кој во ноќниот клуб „Наполеон„ бил со уште тројца другари, со обезбедувањето на објектот. Причина за тоа била неможноста А.М. целосно да ја исплати сметката односно долгот за нарачаниот алкохолен пијалок во износ од 800 денари по што извршил кршење на повеќе шишиња поставени на шанкот.

На излегување од ноќниот клуб, А.М. кој бил под дејство на алкохол, им се заканал на обезбедувањето дека ќе се врати со пушка по што со своето возило марка „Тојота„ со италијански регистарски таблици заминал во својот дом. Од таму, ја земал ловната пучка и повторно се вратил пред „Наполеон„, Одкако го забележале со огненото оружје, обезбедувањето ги затворило вратите и персоналот го упатиле во безбеден дел од клубот.

АМ. Во неможност да влезе во клубот, се вратил пред објектот на Булеварот „Туристичка„ и забележувајки го возилото сопственост на обезбедувањето, испукал еден истрел кон возилото во движење.

Натамошниот тек на нарушувањето, во кое нема повредени, е спречено со брзата реакција на полициските службеници при СВР Охрид кои, ги приведоа лицата и ја одзедоа ловната пушка.

 {loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top