Post Views: 3
Студениот бран кој ја зафати Македонија, предизвика проблеми во одржување на водоводниот систем. Од ЈП Нискоградба велат дека најмногу проблеми имало во водоводниот систем во зградите бидејќи истите не биле соодветно изолирани.
За да не дојде до дефекти и пукање на водоводни цевки, посебно во зградите кои не се постојано населени, ЈП Ниско Градба изврши исклучување на водоснабдување во истите. „Го затвараме шиберот на улица, а потоа екипите од Р.Е „Проаква“ интеренираат во промена на водомери или пак го санираат дефектот во самата зграда“, вели директорот на ЈП Ниско...
Post Views: 9
Традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка доцни два дена. Од хидробилошкиот институт се подготвени за мрестот, само велат ја чекаат дозволата од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Со дозволата ќе може да влезат во водите на Охридското Езеро, за да почнат со лов на овој ендемичен вид риба, со цел да соберат икра за вештачко оплодување. Одговор зошто се доцни со мрестот побаравме од ресорното министерство.Портпаролот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Тања Михајловска информира дека за ден-два ќе почне мрестот....
Post Views: 0
Аплицирањето за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ започнува за неколку дена, односно до крајот на овој месец. Изборот за добивање на кредитите ќе го вршат осум комерцијални банки, а првите договори за финансирање на станбените кредити се очекува да бидат потпишани до крајот на Март оваа година. Владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ наскоро започнува со реализација. Оваа социјална мерка преку која ќе се субвенционираат станбени кредити, на заинтересираните граѓани им нуди две опции. Едната опција е да добијат 50% субвенционирано учество кое ќе почнат да го враќаат...
Post Views: 0
Новите моменти во врска петочниот инцидент пред „Фонтана“, продолжуваат да ја брануваат охридската јавност.
Со оглед на контрадикторините информации помеѓу отвореното писмо на Илија Фармакоски и полицискиот извештај од СВР –Охрид, а во интерес на објективноста, ТВМ се обиде да стапи во контакт и со вработените во ресторанот „Фонтана“, кои беа наведени во отвореното писмо на Фармакоски.Вработените од ресторанот не сакаа да коментираат пред камерите.Но зад камерите, сегашниот управник на угостителскиот објект ни потврди дека фирмата за обезбедување на имот и лица „РАЗОР“...
Post Views: 13
За инцидентот кој во петокот се случи во ресторанот „Фонтана“ денес до нашата редакција пристигна Отворено писмо од Илија Фармакоски упатено до Министерот за внатрешни работи и Премиерот на Владата, Во писмото стои:
„Почитувани, Јас Илија Фармакоски отворено преку средствата за јавно информирање ве повикувам да го разрешете случајот „Фонтана„ Охрид, каде главен учесник во насилието беше лицето Ј.Р, висок полициски функционер.
Имено, на ден 20,01,2012 година во Ресторан „Фонтана“ во Охрид на улица „Јане Сандански“ од страна на 50 гости кои имаа закупено дел од ресторанот...
Post Views: 7
„Невидлива Софија“ пред Охриѓани. Станува збор за изложба – проект на студентите Елена Героска од Македонија и Стефан Маринов од Бугарија, кои се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија. Изложбата е во организација на Центарот за културен проток “Артерија“.
Ова е трето поставување на изложбата „Невидлива Софија“. Истата најпрво била презентирана на неделата за архитектура во Софија – Бугарија, за подоцна истата да биде поставена и во Културно информативниот центар во Скопје.
„ Ова е заедничко истражување, проект...
Post Views: 0
Лицата кои тешко се движат и не можат да стигнат до службите на СВР Охрид за да ги заменат старите лични карти со нови биометриски ќе добиваат помош. Мобилна служба ќе доаѓа во нивните домови по пријава од страна на семејствата или старателите, нагласува портпаролот на СВР, Стефан Димоски. Полицијата наскоро ќе прави и приодни рампи за лицата со инвалидитет. Овие лица досега немаа лесен пристап до полициските служби.Сега по потпишувањето на Конвецијата за заштита на правата на лицата со инвалидитет и полицијата ќе мора да им овозможи лесен пристап на овие лица. За...
Post Views: 1
Како што информира МВР, синоќа во 01:57 часот по полноќ пријавено било во полиција дека 54-годишниот Ф.И.се наоѓа пред ресторанот во кој имало приватна прослава по повод верскиот празник „Водици“, кој со пиштол правел проблеми.По пријавата полициските екипи излегле на терен при што било утврдено дека пред влезот од ресторанот настанала расправија помеѓу Ф.И. и неколку гости кои не му дозволиле да влезе во ресторанот, го удриле неколку пати по лицето и телото, по што тој си заминал.
По околу 10 минути, еден од гостите кој бил на терасата од ресторанот со уште неколку...
Post Views: 11
За изградба на ски жичара, Петрески, покрај апелот до домашните фактори за реализација на оваа идеја, се повикува и на пријателите на градот, пред се на збратимените градови. Тој потсетува дека поминале повеќе години од зачетокот на оваа идеа ама се останало само на празни зборови. „Можеби ќе поминат и 10 до 15 години, толку долго во јавноста се споменува изградба на ски центар на Галичица, но без ефект. Дојде и Бојан Крижај и други скијачки имиња ама се остана без реализација. Сето тоа може да го направиме со помош на збратимените градови Марибор од Словенија и...
Post Views: 7
Во еден несекојдневен амбиент се одбележа денот на рибарите. Оваа охридска традиција од година во година добива се поголем публицитет. И годинава, организаторите на овој ден добро се потрудија да ги изненадат своите сограѓани и гостите кои престојуваат во градот. Пред некогашната библиотека беше поставен казан во кој се крчкаше 2 тона рибја чорба, приготвена од врвните мајстори на Општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Професорот Блаже Јорданоски, рече дека не е едноставно да се земе одговорноста за приготвување на голема количина чорба, бидејќи...
Post Views: 3
Младиот Александар Андоноски со својата тајфа го фати бурето со бело вино. Традиционалното фрлање на десетте буриња со вино во разбрануваните води на езерото, беше главниот настан за денот на рибарите. Александар пресреќен, изјави дека неколку пати се обидува да го направи овој подвиг и дека конечно денес во тоа и успеал. Вети дека тој и неговата тајфа ќе го испијат целото буре.
Во годините кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води, рибарите го земале крстот од црквата Геракомија, за да не се казни попот и пред да заминат ноќта...
Post Views: 2
Матичните лекари бараат 50 денари партиципација за секој преглед. Овој предлог ќе се разгледува утре во Фондот за здравство, а доколку се усвои, и оваа бесплатна услуга ќе замине во историјата. Ова ќе значи дека секоја консултација, посета, или преглед ќе мора да го платите, а доколку пациентот треба да прими инјекција, или некаква терапија ќе мора да даде и повеќе пари. Еве што мислат Охриѓани за овој предлог.
„Мислам дека не е во ред. Народот нема пари, плаќаат други давачки и ова ќе е многу. А лекарите си добиваат капитација преку Фондот.“
„Нека си го регулираат...