Неподвижните лица до лични карти со помош на мобилна екипа

Лицата кои тешко се движат и не можат да стигнат до службите на СВР Охрид за да ги заменат старите лични карти со нови биометриски ќе добиваат помош. Мобилна служба ќе доаѓа во нивните домови по пријава од страна на семејствата или старателите, нагласува портпаролот на СВР, Стефан Димоски.

 |  Валентина Нелоска  | 
licna karta
licna karta

Stefan DimovskiЛицата кои тешко се движат и не можат да стигнат до службите на СВР Охрид за да ги заменат старите лични карти со нови биометриски ќе добиваат помош. Мобилна служба ќе доаѓа во нивните домови по пријава од страна на семејствата или старателите, нагласува портпаролот на СВР, Стефан Димоски.
Полицијата наскоро ќе прави и приодни рампи за  лицата со инвалидитет. Овие лица досега немаа  лесен пристап до полициските служби.Сега по потпишувањето на Конвецијата за заштита на правата на лицата со инвалидитет и полицијата ќе мора да им овозможи лесен пристап на овие лица. За лицата со инвалидитет покрај приодната рампа ан влезот ќе се обезбедат и паркинг места на  влезот од управната зграда, информира Димоски. Подготовките за изгрдаба на пристапната рампа се  направени уште од мината година во соработка со  Полио плус, вели Димоски. Додава дека од ова здруженеи се добиени сите стандарди и многу скоро ќе започне  градежнио зафат.“
Од денес, СВР Охрид воведува  работни саботи за управните служби. Со тоа се овозможува граѓаните старите лични карти да ги заменувцаат секоја сабота се до истекот на крајниот рок за замена на старите со нови биометриски лични карти. За потребите на голем број  граѓани, кои брзаат да ги заменат старите  личните карти со нови, службите ќе работат секоја сабота од 9 до 13 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top