• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Отворено писмо од Илија Фармакоски упатено до Министерката Јанкуловска и Премиерот Груевски

Отворено писмо од Илија Фармакоски упатено до Министерката Јанкуловска и Премиерот Груевски

За инцидентот кој во петокот се случи во ресторанот „Фонтана“ денес до нашата редакција пристигна Отворено писмо од Илија Фармакоски упатено до Министерот за внатрешни работи и Премиерот на Владата.

 |  Крсте Голабовски  | 
otvoreno pismo
otvoreno pismo

За инцидентот кој во петокот се случи во ресторанот „Фонтана“ денес до нашата редакција пристигна Отворено писмо од Илија Фармакоски упатено до Министерот за внатрешни работи и Премиерот на Владата, Во писмото стои:

„Почитувани, Јас Илија Фармакоски отворено преку средствата за јавно информирање ве повикувам да го разрешете случајот „Фонтана„ Охрид, каде главен учесник во насилието беше лицето Ј.Р, висок полициски функционер.

Имено, на ден 20,01,2012 година во Ресторан „Фонтана“ во Охрид на улица „Јане Сандански“ од страна на 50 гости кои имаа закупено дел од ресторанот во приватна режија , дојде до физички напад врз персоналот на Ресторанот од страна на лицето Ј.Р, висок полициски функционер  и неговото друштво , при што беа физички нападнати вработените З.Ц. Управник на објектот, Г.Н. шеф на сала на угостителскиот објект, Л.И. келнер во угостителскиот објект , шанкерот и куварот во објектот. Од страна на персоналот бев повикан бидеќи мојата фирма за обезбедување на имот и лица „РАЗОР“ го обезбедува објектот и јас лично како вработен во неа.
На моја интервенција, со цел да се смири атмосферата во објектот, веднаш без никаква причина бев нападнат од Ј.Р и уште 40 други лица, при што  ме удираа со боксови, клоци, при тоа изнесуваќи разни пцовки и недоличности.
СВР Охрид веднаш излезе со соопштение кое е далеку од вистинскиот настан, при што се изнесени низа невистини и лаги кои наштетуваат на мојата чест и углед“ се наведува во писмото.

Инаку, во отвореното писмо на Фармакоски испратено до нашата телевизија, учесниците во инцидентот се наведени со полно име и презиме.

{loadposition content

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top