Кој е виновен за ицидентот во ресторанот „Фонтана“?

Новите моменти во врска петочниот инцидент пред „Фонтана“, продолжуваат да ја брануваат охридската јавност.

 |  Крсте Голабовски  | 
Restoran Fontana
Restoran Fontana

Новите моменти во врска петочниот инцидент пред „Фонтана“, продолжуваат да ја брануваат охридската јавност.

Со оглед на контрадикторините информации помеѓу отвореното писмо на Илија Фармакоски и полицискиот извештај од СВР –Охрид, а во интерес на објективноста, ТВМ се обиде да стапи во контакт и со вработените во ресторанот „Фонтана“, кои беа наведени во отвореното писмо на Фармакоски.
Вработените од ресторанот не сакаа да коментираат пред камерите.
Но зад камерите, сегашниот управник на угостителскиот објект ни потврди дека фирмата за обезбедување на имот и лица „РАЗОР“ во сопственост на Илија Фармакоски, навистина го обезбедува објектот. Тој исто така во телефонскиот разговор ни кажа дека информациите наведени во отвореното писмо на Фармакоски, а во врска случувањата од 20.01.2012 година во угостителскиот објект „Фонтана“ се вистинити, информација која тој ја кажал и пред одговорните лица за време на составувањето на полицискиот записник за споменатиот настан. Стефан Димовски портпаролот на СВР Охрид дециден, вели дека информациите наведени во соопштението од 21.01.2012 се оние вистинските и додава дека по целосно заокружување на сите околности на ова нарушување, СВР Охрид ќе поднесе прекршочна и кривична пријава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top