Не го пуштале во ресторанот „Фонтана“ им се вратил со пиштол

Охриѓанец налутен бидејќи не го пуштале да влезе на приватна забава во ресторанот „Фонтата“ во Охрид се заканувал со пиштол.

 |   | 
pistol
pistol

pistolКако што информира МВР, синоќа во 01:57 часот по полноќ пријавено било во полиција дека 54-годишниот Ф.И.се наоѓа пред ресторанот во кој имало приватна прослава по повод верскиот празник „Водици“, кој со пиштол правел проблеми.
По пријавата полициските екипи излегле на терен при што било утврдено дека пред влезот од ресторанот настанала расправија помеѓу Ф.И. и неколку гости кои не му дозволиле да влезе во ресторанот, го удриле неколку пати по лицето и телото, по што тој си заминал.

По околу 10 минути, еден од гостите кој бил на терасата од ресторанот со уште неколку лица, го забележале охриѓанецот како се движи кон ресторанот, а раката му била ставена во појасот и кога се доближил до нив им се обратил со зборовите: „Бегајте репетиран е“.

Во тој момент лицата кои биле излезени од ресторанот го фатиле и му го одзеле пиштолот. По пристигнување на полицијата охриѓанецот е приведен, а пиштолот марка „Црвена Застава 99“ и една рамка со 10 куршуми (за кои не поседувал дозвола) со потврда се одземени и предадени за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top