Post Views: 0
Започнаа градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко. Овој објект кој е под заштита на Завод и музеј мораше да се сруши до темел, затоа што при изградба на соседниот објект пред две години, дојде до сериозни оштетувања на куќата на Доко. „Најголеми беа оштетувањата во темелните парти, што допринесе до пореметување на целата конструкција на објектот“, истакна директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата, Тања Паскали Бунташеска.
„Ние како надлежна институција бидејќи објектот е заштитен со поединечно решение и претставува поединечно споменично...
Post Views: 1
Во водите на Охридското Езеро, во близина на кејот, викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување....
Post Views: 1
„Многу работи кои ги кажа директорот на ЈП Охридски Комуналец се ноторна лага, невистина, клевета, елементарно непознавање и треба да ги дообјасниме“, истакна директот на Центарот за јавно здравје, Атансако Михаилов. Тој додаде дека пресс конференцијата во Комуналец била со цел замајување на јавноста и префрлување на вниманито на јавноста на друга страна, поради поскапувањето на цената на комуналните услуги и субвенциите од 14 милиони денари кои што ги доби ЈП, но дека сето ова нема ништо заедничко со Центарот за јавно здравје.
„За Сашо Алче варењето на грав и автоклавирањето...
Post Views: 5
Охридските галеристи се чувствуваат привилегирано во опкружувањето со уметнички слики и во споделувањето на синергијата помеѓу сликарите и конзументите на уметноста. Праксата покажува дека навиките за купување на уметнички слики кај охриѓани се менуваат. Купувањето и поседувањето на уметнички слики за своја душа оди во блага нагорна линија, вели галеристот Љупчо Жупан од галеријата Букефал, која во охридската чаршија е присутна околу 13 години.
Со констатацијата на Жупан се согласува и академскиот сликар Славко Упевче. Во неговата галерија која функционира повеќе...
Post Views: 6
„Ние веќе пет години се обидуваме да апелираме на разни начини и на локалната и на централната власт, ние луѓе постоиме, ние сме тука и сите знаат, затоа што кога има ситуација сите се јавуваат, дали имате шанса некако. Имаме ама како? Еве ние тука сме, за 15 минути ќе се мобилизираме, екипата ќе е спремна да излезе на терен, со што? Со патничко моторно возило? Па тогаш правиме комбинации дали возило од граничната полиција, каде да дојде, тогаш се комплицира целиот систем. Затоа вие ако имате систем сето тоа ќе си е на место.“-рече Додевски.Често се случува да не се...
Post Views: 1
Не се смируваат разгорените страсти помеѓу Алче и Михаилов. Не престануваат ниту низата обвинувања, навреди и клевети на адреса Центар за Јавно здравје, ЈП „Охридски Комуналец“ и обратно. Причина, медицинскиот отпад кој деновиве работниците на ЈП Охридски Комуналец го затекнаа во контењер на ул Сирма Војвода“, во близина на болничкиот комплекс. „Прозван сум и должен сум да му одговорам на Михаилов, зошто не се вакцинирани вработените на ЈП“, вели Алче.
Алче тврди дека во овој момент Михаилов го уценува ЈП со авансно плаќање за извршување на вакцинирањето. Тој го потсети...
Post Views: 21
На охридските ловни терени странците сакаат да ловат ама ситен дивеч, велат од Здружението на ловци од Охрид. Тие се и концесионери на 5 -те ловни терени, со кои ќе стопанисуваат во наредните 10 години со терените за ситен дивеч и 20 години со ловиштата за крупен дивеч. Ловците велат дека засега интересот на странците е насочен исклучиво за лов на фазани и еребици. Во престојниот период има најави за лов на ловците од Италија, Албанија и од Грција. Засега, интерес за крупниот дивеч посебно за дивата свиња нема, вели ловникот од Здружението на ловци Охрид, Зоран Целакоски.„За...
Post Views: 4
Уште еден апел од општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Потребни се нови донации во кои меѓу другото, најважни се лековите за хроничните болни.
„Последниве денови се соочуваме со се поголема потреба од храна има се повеќе семејства кои што се јавуваат и имаат навистина потреба од храна и навистина воочувајќи ги состојбите на терен апелираме до сите приватни сопственици на мали маркети, дури и на оние поголеми маркети кои што можат со прехрамбени производи да помогнат во наредниве неколку денови, да помогнат. Ние очекуваме помош и до Црвениот крст на Македонија...
Post Views: 1
Временските услови и натаму ризик број еден за социјалните семејства од Охрид, Струга и околните населени места. Во неколку наврати општинската организација на Црвениот крст од Охрид апелираше до јавноста со цел да им се помогне на овие семејства. Во последниот апел се бараше топла облека и ќебиња. Овој апел допре до Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа свој придонес во хуманитарната акција. Од општинската организација на Црвениот крст од Охрид задоволни од помошта.„Одзивот е навистина задоволителен посебно во делот на набавување на половен текстил и она што...
Post Views: 5
Не запираат инцидентите во Охрид. Уште една тепачка ги вознемири охриѓани. И покрај активните напори на полицијата за спречување на ваквите инциденти во кои се повредени голем број на лица, засега нив не им се гледа крајот. Последниот ваков инцидент се случи вчеравечер во 20 часот и триесет минути на улица „Цар Самоил“. Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи при настаната тепачка помеѓу лицата Н.Д.(29), А.Ф.(31)и А.Ј.(31) од една страна и С.Т.(33) од друга страна , сите од Охрид, им пришло лицето Н.Ч. (36) од Охрид и се обидело да ги...
Post Views: 9
Љупчо Јузмески еден од четворицата лауреати на наградата “Најдобар промотор на Македонија”за 2011. Покрај него ова високо признание го добија уште и Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, човекот кој освои најголем број на гласови од јавното гласање кое се спроведе на социјалната мрежа facebook, а траеше четири месеци. Јузмески восхитен и радосен упати благодарност кон сите кои гласале за него како и на честа што токму тој беше избран од facebook пријателите...
Post Views: 2
Ноторна лага и клевета се обвинувањата кои ги искажа директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, на адреса на Центарот за Јавно Здравје. Не можеме и не смееме да дозволиме некој да оцрни една вака одговорна здравствена институција, посебно од аспект што позади неа стои еден долгогодишен добро обучен тим на доктори, пред се професионалци, вели директорот на Центарот за Јавно здравје, Атанаско Михаилов. Тој застана цврсто во одбрана на својата институција и потенцира дека сите вработени биле згрозени од она што го слушнале од страна на директорот на Комуналец.
Во...