Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ги слушна апелите на Црвениот крст

Тие донираа топла облека, јакни и ќебиња кои подоцна ќе бидат поделени на социјални семејства од градов. Младите од ВМРО-ДПМНЕ најавија и хуманитарен турнир во баскет кој ќе се одржува на ниво на држава.

 |  Мишел Наумоски  | 
humanitarna pomos ums vmro-dpmne
humanitarna pomos ums vmro-dpmne

Временските услови и натаму ризик број еден за социјалните семејства од Охрид, Струга и околните населени места. Во неколку наврати општинската организација на Црвениот крст од Охрид апелираше до јавноста со цел да им се помогне на овие семејства. Во последниот апел се бараше топла облека и ќебиња. Овој апел допре до Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа свој придонес во хуманитарната акција. Од општинската организација на Црвениот крст од Охрид задоволни од помошта.
humanitarna pomos ums vmro-dpmne
„Одзивот е навистина задоволителен посебно во делот на набавување на половен текстил и она што ни беше примарно, обезбедување на ќебиња и прекривки за населението, особено за она население кое е од потешка социјална категорија и нема можности за огрев во овие денови на ниски температури еве унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го виделе апелот и веднаш тие ни се јавија дека имаат можност и тие да организираат внатрешно со нивните активисти и резултат е ова што денес го даваат ние ќе направиме напори што е можно побрзо во следниве денови да ја поделиме целава оваа донација на населението.“-рече Антонио Додовски-Секретар на Црвен крст-Охрид.

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ задоволни што можат да помогнат на семејствата на кои тоа им е најпотребно. Тие доделија неколку пакети со топла облека и прекривки.
humanitarna pomos ums vmro-dpmne
„Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се одзва на апелот за донирање на топла облека и ќебиња. Ние во нашиот општински комитет направивме хуманитарна акција и собраните работи од топла облека и ќебиња ги дониравме денеска во просториите на Црвениот крст. После организирањето на хуманитарниот турнир во баскет од страна на УМС заедно со Црвениот крст и денешната акција ние во иднина како демохристијанска партија, партија на народот, ќе продолжиме да организираме хуманитарни настани.“-вели Сашо Донев-Претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Покрај оваа донација, од Унијата на млади сили од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат и организирање на уште еден хуманитарен турнир во баскет на ниво на држава. Финалните разигрувања од овој турнир ќе се играат на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Средствата кои ќе бидат собрани од овој турнир ќе бидат дадени во хуманитарни цели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top