Странците сакаат да ловат на охридските терени ама птици

На охридските ловни терени странците сакаат да ловат ама ситен дивеч, велат од Здружението на ловци од Охрид. Тие се и концесионери на  5 -те ловни терени, со кои ќе стопанисуваат во наредните 10 години со терените за ситен дивеч и 20 години со ловиштата за крупен дивеч.

 |  Валентина Нелоска  | 
divi svinji
divi svinji

На охридските ловни терени странците сакаат да ловат ама ситен дивеч, велат од Здружението на ловци од Охрид. Тие се и концесионери на  5 -те ловни терени, со кои ќе стопанисуваат во наредните 10 години со терените за ситен дивеч и 20 години со ловиштата за крупен дивеч. Ловците велат дека засега интересот на странците е насочен исклучиво за лов на фазани и еребици. Во престојниот период има најави за лов на ловците од Италија, Албанија и од Грција. Засега, интерес за крупниот дивеч посебно за дивата свиња нема,  вели ловникот од Здружението на ловци Охрид, Зоран Целакоски.
„За странските ловци попривлечни се европските ловишта кои имаат поразвиен ловен туризам во споредба кај нас, вели Целакоски. За лов на дива свиња потребно е да им се понуди златен медаљ, а тоа сеуште го нема на нашите терени“, појаснува Целакоски.
Она што во моментов ги загрижува охридските ловци е драстичниот пад на нивното членство. Во изминатите години бројот на домашните ловџии растел, а сега е во опаѓање. Ловното друштво Охрид во моментов брои  300 членови, додека во минатото нивниот број достигнувал и до 500 ловџии. Ловната чланарина изнесува 3500 денари, а за секој ловен ден се плаќа дополнителни 50 денари. За да се стекнат со ловна дозвола ловџиите според  новиот закон мора да исполнат неколку строги критериуми. За сето тоа мора да платат повисока сума на пари. Покрај тоа што критериумите се заоструваат, се намалува и издавањето на  дoзволите за оружје од страна на СВР, нагласува Целакоски.
И додека ловџиите очекуваат подобар развој за ловниот туризам, во меѓувреме по 31 март од нивниот гатер ќе пуштат диви свињи за да ги збогатат  ловиштата со крупен дивеч. Со ловно стопанските  основи и нивните развојни програми  на ловните терени во Брежани ќе пуштат 15, а во ловиштето во Завој 20 диви свињи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top