Михаилов контра Алче

„Многу работи кои ги кажа директорот на ЈП Охридски Комуналец се ноторна лага, невистина, клевета, елементарно непознавање и треба да ги дообјасниме“, истакна директот на Центарот за јавно здравје, Атансако Михаилов. Тој додаде дека пресс конференцијата во Комуналец била со цел замајување на јавноста и префрлување на вниманито на јавноста на друга страна, поради поскапувањето на цената на комуналните услуги и субвенциите од 14 милиони денари кои што ги доби ЈП, но дека сето ова нема ништо заедничко со Центарот за јавно здравје.

 |  Татјана Маленкова  | 
Atanasko Mihailov
Atanasko Mihailov

„Многу работи кои ги кажа директорот на ЈП Охридски Комуналец се ноторна лага, невистина, клевета, елементарно непознавање и треба да ги дообјасниме“, истакна директот на Центарот за јавно здравје, Атансако Михаилов. Тој додаде дека пресс конференцијата во Комуналец била со цел замајување на јавноста и префрлување на вниманито на јавноста на друга страна, поради поскапувањето на цената на комуналните услуги и субвенциите од 14 милиони денари кои што ги доби ЈП, но дека сето ова нема ништо заедничко со Центарот за јавно здравје.

„За Сашо Алче варењето на грав и автоклавирањето на медицински отпад, очигледно е иста работа. Пробавме да му обајснеме, но човекот неможе да разбере. Автоклавирањето е процес во кој што на определена температура се автоклавираат заразни реагенси и тие после овој процес на температура од 130 степени повеќе не се инфективно заразни, туку се комунални реагенси. За илустарација автоклавирање се прави на хируршките инструменти“, вели директор на центар за јавно здравје.

Што се однесува до обвинувањата дека Центарот за Јавно здравје има долгови кон ЈП, Михаилов со став дека и тоа е ноторна лага која мора да ја докажува на друго место.

„Сите сметки кои ги има доставено ЈП ги има доставено до центарот за јавно здравје и истите се платени. Одговорно изјавувам дека Центарот за јавно здравје не должи на ниту една фирма во државата и надвор од државата ни еден денар, а најмалку на Сашо Алче и на Комуналец. Се што кажа во врска со долговите е ноторна лага“, вели Михаилов.
Во Врска проблемот со невакцинираните вработени и обвинувањата на Алче дека кога се обратиле во центарот ги одбиле затоа што немало вакцини, Михаилов со крајно спротивно обаснување. Тој вели дека Алче е нестручен и неодговорен и меша баби и жаби. „Вакцинирањето на вработените е законска норма кој мора да се почитува“, категоричен е Михаилов.

„ Последен пат се вакцинирани во 2007 година – 45 вработени. Вакцинација која е направена со барање од ЈП и врз база на нивното барање извршено е требовање на вакцини, тие се вакцинирани. Само за илустарција последната рата на плаќањето на овие вакцини ЈП ја има направено на 27.04. 2011 год. Четири години ги плаќаше вакцините што ние ги плативме со наши пари. Бавме опоменати дека ние како Јавна институција немаме право да финасираме други институции, и вакцините кои ги даваме и ние ги купуваме од добавувачи“, вели директор на центар за јавно здравје.

Михаилов тврди дека во моментов до Центарот за јавно здравје нема пристигнато барање за вакцинација на вработените од ЈП, а нема ниту список на вработени кои треба да бидат вакцинирани.  Тој појаснува дека менаџерот на ЈП треба да достави барање до Центарот за јано здравје со список на вработени кои треба да се вакцинираат, по што во Центарот за јавно здрвје преку добавувачи ќе се обезбедат потребните вакцини. „Неможеме како институција да чуваме 100, 200, 300 вакцини, затоа што тие се скапи и ако им помине рокот, ќе треба законски да одговараме, зошто сме ги купиле и фрлиле. Докторката која ја споменуваше Алче на вчарашната пресс конференција,  во повеќе наврати им се јавуваше и прашуваше кога ќе ги вакцинираат вработените, по што постојано добивавме исти одговор  дека ќе се консултираат со директорот и ќе испратат список со вработени и дека ќе не известат кога ќе бидат финансиски подготвени да ги вакцинираат своите вработени.

Михаилов денеска отворено го запраша Алче и за медицинскиот отпад. Тој прашува зошто и како ЈП години наназад го крева овој отпад од сите здравствени институции? Побара да има се објасни на граѓаните зошто ЈП наплаќало дупла цена за кравањето на овој отпад од сите здравствени установи и каде тој отпад ЈП го депонира, и како го третира?
И покрај тоа што директорот на Центарот за јавно здравје на денешната пресс конференција посатави неколку директни прашања до директорот на ЈП Охридски Комуналец, сепак вети дека повеќе граѓаните нема да ги оптеретува со никакви пресс конференции. Тој додаде дека се што во иднина ќе биде кажано и докажано, ќе биде докажувано во државниот санирен и  комунален инспекторат, како и во правосудните органи.     

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top