Post Views: 1
Изградбата на фекална канализација во општина Вевчани се привршува кон крај. Изградени се 9 канализациони краци или околу 99 проценти од домаќинствата и објектите се приклучени на фекалната линија. Остануваат многу кратки краци кои ќе може да ги заврши јавното претпријатие Вевчани, информира Сашо Јанкоски, градоначалник на општина Вевчани за овој крупен инфраструктурен зафат.
„Со канализационите линии во должина од околу 1 км и 200 метри Вевчани ја заокружува целосно канализационата мрежа. Изградивме и нова пречистителна станица и овие денови се очекува да се пушти во...
Post Views: 0
Интернационализација на образовните институции, нови методи за предавање, мобилност на студентите и учениците. Ова се само дел од бенефитите на Еразмус плус програмата на Европската унија, една од водечките програми во сегментот образование, обука, спорт и млади. Денес, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за охридските образовни институции како и невладини организации кои се занимаваат со обуки, спорт или млади, организираше инфо ден во кој им ги презентираше предностите на оваа програма. Дарко Димитров, директор на агенцијата, вели дека...
Post Views: 1
„Свињарот“, детската претстава за двете страни на љубовта, онаа убавата, и онаа со несреќен крај, прва премиера во годинешната театарска сезона на Охридскиот народен театар. Режисерот на оваа претстава, Ѓорѓи Ризески вели дека со претставата се обидуваат да им прикажат на децата два света, оној од бајките и светот во реалноста. Според него, љубовта е најсилното нешто на светот, но не секогаш има среќен крај.
„Ова ќе биде една едукативна претстава за децата која ќе им даде до знаење каква е всушност љубовта во светот на возрасните, дека за да се случи љубовта, треба да...
Post Views: 3
Поминаа точно 25 години од рушењето на Берлинскиот ѕид, но на многу жители од тој град сеќавањата на таа бетонска барикада сеуште им е во свежо сеќавање. Денес главниот град на Германија е повторно поделен, но овој пат наместо ладен ѕид поставени се светлечки балони. Оваа интересна инсталација јасно потсетува на еден од најтешките периоди во европската историја, а долга е дури 16 километри. Околу 8,000 балони деноноќно светат и ги потсетуваат граѓаните на бурната историја.
Ѕидот е наречен Lichtgrenze или во превод “граница од светло”. Почнува на улицата Bronholmer,...
Post Views: 5
За само месец и половина од почетокот на годинава на територија на општина Охрид опожарени се и уништени 6 пластични контењери. Најновиот случај на комплетно уништување на ваков контењер беше регистриран утрово на ул Пере Тошев во близина на детската градинка Росица. До опожарување на контењерите доаѓа поради депонирање во нив на пепел со недогорени остатоци од страна на несовесни граѓани. Од Охридската противпожарна единица информираат дека изминатата година бележат 33 случаи на опожарени контењери. Тоа претставува проблем не само за ЈП Охридски Комуналец кое трпи...
Post Views: 2
Пациенти повеќе од три месеци не можат во болничката лабараторија да го проверат хормонот тироксин. Се жалат дека во лабараторијата нема реагенс за проверка на функцијата на тироидната жлезда. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов потврдува дека во нивната лабараторија нема ваков реагенс. Образложи дека проблемот настанал кога Фондот за здрвствено осигурување им го проширил пакетот на услуги на приватните ординации и лабаратории. Тоа им го зголемил приливот на пациенти во нивната лабараторија, а количините не им биле планирани за таа година.
„ За конкретната...
Post Views: 0
Од Нова година до сега во Македонија нема влезено ниту една пратка краставици или друг свеж зеленчук од Шпанија, тврди директорот на Дирекцијата за безбедност на храна Дејан Рунтевски. Инспекторите од Дирекцијата вчера извршиле контрола на сите гранични премини и терминали, дали во земјава влегле камиони со зеленчук од Шпанија.“Зеленчукот кој се продава во земјава е безбеден. Поради масовното ширење на бактеријата предизвикана од шпанските краставици низ европските земји, ние ќе воведеме посебни мерки за проверка на секоја пратка со свеж зеленчук во земјава”,...
Post Views: 7
Осовремување и модернизација на Општина Дебрца, главна заложба на градоначалникот Игор Трајкоски за 2015 година. Тој најави повеќе проекти меѓу кои изградба на систем за фекална канализација во село Велмеј како приоритетен. Според Трајкоски системот ќе биде во должина од 9354 метри, а ќе се состои од главен крак, колектор кој ќе минува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци.
„Во овај проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти ...
Post Views: 6
Три децении по смртта на Јосип Броз Тито, пресушија солизте за државникот кој беше еден од оснивачите на движењето на Неврзаните. Бледнеат сеќавањата за државникот од кој се простија околу 700.000 луѓе и 209 странски делегации од 128 земји од светот.И по Тито – Тито, беше најекспонираниот и најобјавуван наслов и слоган по неговата смрт, осмислен од Титовите наследници, додека тој уште ги живееше последните денови во Љубљанскиот клинички центар. Граѓаните на Југославија тие денови живееја во своевиден транс, чекајќи ги со загриженост клиничките билтени за здравствената...
Post Views: 1
Секторот за внатрешни работи Охрид, согласно законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на лицето М.K.(34) од Oхрид, како заштитни мерки да му се изречат: забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување.
По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид...
Post Views: 0
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе нови одлуки.
Се предлага од среда, 16-ти јуни, целосно да се укине полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.
Предлог мерките ќе бидат доставени до Кризниот штаб на усвојување.
Post Views: 1
Депонија на приватен имот нагрдува дел од улицата „Дејан Војвода“. Тука може да се забележи различен смет, од комунален, градежен до зелен отпад. Граѓаните велат дека тука кој како ќе стигне фрла смет. Иако е во центарот на градот никој од надлежните не излегол на терен да ја констатира состојбата ниту да даде налог истиот да се исчисти. Како што кажаа граѓаните до пред 15 години тука живеела сопственичката на куќата, а после нејзината смрт никој не водел грижа за тоа место.
Законот за јавна чистота е дециден дека кога станува збор за депонија во објект кој е во приватна...