Охридските пациенти три месеци немаат реагенси за проверка на тироксин

Охридските пациенти три месеци немаат  реагенси за проверка на тироксин.

 |  Валентина Неловска  | 
болница
болница

 

Пациенти повеќе од три месеци не можат во болничката лабараторија да го проверат хормонот тироксин. Се жалат дека во  лабараторијата нема реагенс за проверка на функцијата на тироидната жлезда. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов потврдува дека во нивната лабараторија нема ваков реагенс. Образложи дека проблемот настанал кога Фондот за здрвствено осигурување им го проширил пакетот на услуги на приватните ординации и лабаратории. Тоа им го  зголемил приливот на пациенти во нивната лабараторија, а количините не им биле планирани за таа година.

д-р Арнаудов„ За конкретната ситуација најмногу  проблемот дојде до израз во последниот квартал. Средствата  дојдоа на минимум и направивме посебен режим на приоритети. Се  правеа посебни распореди и се гледаше хитноста  на проблемот на пациентите. Дојде до ситуација на некој пациенти и по 2-3 месеци да се  одбиени, а  на некого одма да му е завршен преглед, но тоа беше заради хитноста на пациентот,“ укажува д-р Арнаудов.     

Директорот  Аранудов напоменува дека испитувањатат на тироксинот може да го вршат и приватните лабаратории кои склучиле договори со Фондот. Д-р Арнудов вели иако тие се  должни да ги даваат услугите за испитувањата на  тироксинот  тие ги избегнуваат.

„Точно не знам кој има склучено договор или не. Но генерално сите имаат склучено и тие се должни исто како и ние да постапуваат  по фондовската политика тие тоа го избегнуваат и сите пациенти доаѓаат кај нас“, укажува д-р Арнаудов.    
болницаДиректорот на болницата кажа дека за оваа година ги зголемиле буџетските средства за набавка на реагенси и овој проблем наскоро  ќе биде решен.

Дали пациентите се жалат  за одолговлекување  на правото на оваа здравствена  услуга одговор побараваме од  ПЕ на  Фондот за здравствено осигурување. Раководителот на фондот Славе Крстаноски кажа дека досега на нивна адреса нема  поплаки  од пациенти, но доколку има реакции може да се обратат кај нив.  Во сите лабатории еднаш годишно може да се следи резултатот на  хормонот на тироксин. Со лекарски упат 2 од интернист или енодкринолог анализите  ги работат само Општа болница и Лабараторија Сонце, додека со лекарски упат 1 од матичните ги прават 6  лабаратории во градов, вели Крстаноски.             

„ Матичните лекари имаат право ако е воспоставена дијагноза на хипотериоза кај пациентите да ги пуштаат со формулар Лекарски упат 1 до  сите лабаратории во Охрид, 4-те приватни ординации Сонце, Дарон, Кардиолаб Маџаров и Биохем дијагностик и Општа болница и Здравствен дом, само за пациенти кои веќе имаат дијагноза и со овој упат се следи овој хормон  ТСХ. Доколку резултатите отстапуваат од нормалата пациентите се упатуваат кај  интернист или  ендокринолог кои даваат свој лекарски упат 2 за испитување“, појаснува Крстаноски.

Инаку,  во изминатите  неколку години биле регистрирани над 4000 прегледи  годишно на охриѓани кои функцијата на тироидната жлезда ја испитувале во медицински установи  надвор од Охрид.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top