Општина Вевчани ја завршува изградбата на фекалната канализација во населбата


 Приклучени на канализационата  линија ќе бидат околу 99 проценти од домаќинствата. Наскоро се очекува да биде пуштена во употреба и пречистителна станица.

 |  Валентина Неловска  | 

Изградбата на фекална канализација во општина Вевчани се привршува кон крај. Изградени се 9 канализациони краци или околу 99 проценти од домаќинствата и објектите се приклучени на фекалната линија. Остануваат многу кратки краци кои ќе може да ги заврши јавното претпријатие Вевчани, информира Сашо Јанкоски, градоначалник на општина Вевчани за овој крупен инфраструктурен зафат.

Со канализационите линии во должина од околу 1 км и 200 метри Вевчани ја заокружува целосно канализационата мрежа. Изградивме и нова пречистителна станица и овие денови се очекува да се пушти во употреба“.

Средставата за изградба на фекалната канализација во Вевчани се искористени од јавниот повик за користење на средства од компанијата ТАВ во висина од 6,3 милиони денари.

Општина Вевчани не запира со решавање на овој крупен инфраструктурен проект. Има распишано јавна набавка за уредување и на 9 локални улици со средства преку Бирото за регионален развој.

„Тоа се два повици за развој на селата и развој на специфичните подрачја. Имаме апликации за асфалтирање на улици и традиционални улици кои ќе бидат поплочени со камени плочи и со бекатон плочки“.

Општина Вевчани подготвува јавна набавка преку проект од Бирото за рамномерен регионален развој за партерно уредување на просторот пред туристичкиот центар во Вевчани. Со средства преку Југозападниот плански регион, пак, очекува да се распише оглас за уредување и на просторот во детската градинка „Планински цвет“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top