Општина Охрид подолго време нема комунален инспектор

Општина Охрид нема комунален инспектор. Можеби поради тоа во градов се почесто никнуваат депонии, а подолго време не се отстрануваат паднатите дрва и гранки од тротоарските површини во делови на градот.

 |  Николоска Биљана  | 
deponija
депонија

deponijaДепонија на приватен имот нагрдува дел од улицата  „Дејан Војвода“. Тука може да се забележи различен смет, од комунален, градежен до зелен отпад. Граѓаните велат дека тука кој како ќе стигне фрла смет. Иако е во центарот на градот никој од надлежните не излегол на терен да ја констатира состојбата ниту да даде налог истиот да се исчисти. Како што кажаа граѓаните до пред 15 години тука живеела сопственичката на куќата, а  после нејзината смрт никој не водел грижа за тоа место.

Законот за јавна чистота е дециден дека кога станува збор за депонија во објект кој е во приватна сопственост, газдите имаат обврска да ја исчистат. А во спротивно надлежните од комуналниот инспекторат треба да излезат на терен да направат записник, да го сликаат местото и да го пронајдат сопственикот за да го достават решението.

deponijaНо по се изгледа кај нас работите течат по друг редослед. Стапивме во контакт со општинскиот инспекторат од Охрид. Од таму ни го посочија Аце Китески, советник за правни работи во одделението за правни работи. Тој во краткиот телефонски разговор ни кажа дека општина Охрид подолго време нема комунален инспектор, и дека за една недела ќе биде назначен. Но  доколку до инспекторатот  пристигнело барање за проблемот со кој се соочуваат жителите од Дејан Војвода, веднаш ќе бил овластен друг инспектор кој ќе постапел согласно нивното барање. Од тука се наметнуваат неколку прашања: Колку долго општина Охрид нема комунален инспектор?  Кој го спроведува Законот за јавна чистота и дали на секое барање доставено до  инспекторатот ќе назначуваат овлестен инспектор да ја спроведе постапката?  На овие прашања одговор треба да добиеме во текот на утрешниот ден како што ни ветија од Локалната самоуправа.

За жал депонијата на Дејан Војвода не е изолиран случај. Денеска во нашата редакција реагираа граѓани за уште една грда слика во непосредна близина на детската градинка „Лихнида“, на ул „Билјанини извори“ бб.  Таму  речиси еден месец паднато дрво и гранки има узурпирано поголема тротоаторска површина.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top