Детската претстава „Свињарот“, прва премиера на Охридскиот театар во 2015та

Режисерот Ѓорѓи Ризески вели дека оваа претстава треба да ги поучи децата и младинците дека љубовта иако е најсилното нешто во светот, не секогаш има најубав крај.

 |  Мишел Наумоски  | 
detska pretstava
детска претстава

„Свињарот“, детската претстава за двете страни на љубовта, онаа убавата, и онаа со несреќен крај, прва премиера во годинешната театарска сезона на Охридскиот народен театар. Режисерот на оваа претстава, Ѓорѓи Ризески вели дека со претставата се обидуваат да им прикажат на децата два света, оној од бајките и светот во реалноста. Според него, љубовта е најсилното нешто на светот, но не секогаш има среќен крај.

Svinjarot pretstava„Ова ќе биде една едукативна претстава за децата која ќе им даде до знаење каква е всушност љубовта во светот на возрасните, дека за да се случи љубовта, треба да биде возвратена од двете страни, не само од едната. Тука имаме еден принц кој најискрено со најсилна љубов и со најсилни чувства тргнува во соседното царство да ја запроси принцезата и да ја земе за негова, и сите очекуваме да се случи еден хепиенд, но принцезата е повеќе свртена кон материјалното, а не кон тоа што вистински и го нуди принцот и не завршуваат на крајот заедно. Оваа претстава има една невообичаена форма, на самиот почеток, за време на претставата, на крајот, ние живееме театар.“-вели режисерот Ризески.

pretstava za deca„Свињарот“ не е само прва премиера на Охридскиот театар за оваа сезона, туку и премиерна претстава за новиот член на овој ансамбл, актерот Филип Кипровски. Тој смета дека претставата иако е за деца, не смее да се потценува, бидејќи во себе има еден сериозен едукативен елемент.

„Таа има за цел да ги забавува пред се, но се надевам дека и ќе ги едуцира, не само од аспект на пораката која што ја даваме, туку и општо за театарот и да ги навикне на малку повеќе размислување, дека не е се така едноставно во реалниот живот, како што претпоставувам дека тие си замислуваат и со љубовта, но и во врска со многу други теми кои што ги опфаќаме во претставата. Се надевам дека ќе успееме да го постигнеме тоа.“-рече Кипровски.

detska premieraРаководителот на Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски најави и дел од репертоарот кој ќе го одиграат во наредниот период.

„Репертоарот започнува од недела, со оваа претстава. На репертоар ќе бидат претставите „Детектор за лаги“, „На дното“, а во меѓувреме се отпочна процес на работа со една нова претстава со другиот вработен режисер во оваа установа, Ирена Стеријоска, „Вечера за глупаци“. Очекуваме и ќе притискаме премиерата да биде на 27ми Март кога е и светскиот ден на театарот.“-изјави Стојаноски.

Стојаноски додаде дека детската претстава „Свињарот“ има и хуманитарен карактер, односно средствата кои ќе ги приберат од продадените билети, ќе бидат донирани за помош на поплавените подрачја во Македонија. Инаку Стојаноски за од 1ви Март го најави и отпочнувањето со работа на детското драмско студио, а за кое пријавувањето на децата и младите ќе биде во текот на овој месец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top