Дебрца ќе стане модерна и современа општина

Изградба на систем за фекална канализација во село Велмеј,  пречистителна станица во селото Грко Поле и канализација во с. Лешани, се трите приоритетни проекти за годинава, кои ги најави градоначалникот на Дебрца. Со нивна реализација општината ќе стане современа и модерна, вели градоначалникот.

 |  Николоска Биљана  | 
opstina debrca
општина дебрца

opstina debrcaОсовремување и модернизација на Општина Дебрца, главна заложба на градоначалникот  Игор Трајкоски за 2015 година. Тој најави повеќе проекти меѓу кои изградба на систем за фекална канализација во село Велмеј како приоритетен. Според Трајкоски системот ќе биде во должина од 9354 метри, а ќе се состои од главен крак, колектор кој ќе минува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци.

„Во овај проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци  ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти  и по гравитационен пат да ги транспортираат до главниот крак од каде отпадните води  ќе се водат во пречистителна станица. Вкупната вредност на проектот изнесува 17.473.679,00 денари додека вкупниот број на жители кои ќе бидат опфатени според проектна документација изнесува 700 жители“ -вели Трајкоски.

trajkoskiРеализацијата на проектот за изгрдба на системот за фекална канализација во Велмеј е само еден од проектите кои се предвидени за 2015 година. Втор проект е пречистителна станица во селото Грко Поле. Како што изјави Трајкоски тоа било предвидено да се изведува во три фази и тоа, две единици да бидат монтирани веднаш со реализација на проектот, а третата во текот на експлоатациониот период и приклучокот на двете села Лешани и Велмеј. Вредноста на пречистителната станица изнесува 8.000.000 денари.

„Како трет проект кој се започнува е канализационата мрежа во село Лешани. Во овој проект, вкупната должина на канализациониот систем ќе изнесува 5343 м. По должината на трасата се предвидени вкупно 138 ревизиони и каскадни шахти. Вредноста на проектот изнесува 12.845.676,00 денари. Вкупниот број на жители на опфатеност според проектна документација изнесува 700 жители“ – изјави градоначалникот.

Трајкоски напомена дека сите три проекти ќе бидат финансирани со средства од ИПА програмата на ЕУ и проектот од Светска Банка за подобрување на општинските услуги што се спроведува преку Министерството за финансии. Тоа е само потврда за заложбата на општина Дебрца за искористување на ваквите донации, додава градоначалникот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top