Зачестува палењето на контењери

За само месец и половина од почетокот на годинава на територија на општина Охрид опожарени се и уништени 6 пластични контењери. Најновиот случај на комплетно уништување на ваков контењер беше регистриран утрово на ул Пере Тошев во близина на детската градинка Росица.

 |   | 
контенјер
контењер

 

контенјерЗа само месец и половина од почетокот на годинава на територија на општина Охрид опожарени се и уништени 6 пластични контењери. Најновиот случај на комплетно уништување на ваков контењер беше регистриран утрово на ул Пере Тошев во близина на детската градинка Росица. До опожарување на контењерите доаѓа поради депонирање во нив на пепел со недогорени остатоци од страна на несовесни граѓани. Од Охридската противпожарна единица информираат дека изминатата година бележат 33 случаи на опожарени контењери. Тоа претставува проблем не само за ЈП Охридски Комуналец кое трпи штети, туку тоа е опасност и за случајните минувачи и останатите жители затоа што може да предизвика штети од поголеми размери, вели Спасе Прентоски, командир на противпожарната единица. Прентоски со апел до граѓаните, посебно до оние домаќинства кои се греат на дрва и јаглен.

 

Прентоски„Јас апелирам до сите граѓани кои одложуваат отпад од согорени материи, пепел и јаглен од сопствените домови, од грејните тела на цврсто гориво, доколку сакаат да го фрлат во контењер, прво да го остават во некоја канта да догори и да се излади. Следниот ден можат да го одложат во контењер. За да нема интервенции од пожарникарите а да нема штета ниту ЈП Охридски Комуналец. – вели командирот на ППЕ Охрид, Прентоски.

 

Штетата која ја трпи јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ а со тоа и општината од уништувањето на овие јавни добра е голема. Еден пластичен контењер чини околу 15 000 денари. Екипите на Комуналец ги заменуваат уништените контењери но со метални, кои најчесто се постари и поправани за да можат да си ја извршат намената. Од претпријатието упатуваат апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, но истовремено ги повикуваат и инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top