Post Views: 8
Кога се зборува за месноста Св Наум, секој посетител би се согласил дека целиот комплекс е како дел откинат од рајот. Од прекрасната природа која го прегрнала манастирот Св Наум и неговите конаци, неколкуте црквички околу него, светата вода, па се до изворите на реката Црн Дрим и уредениот туристичко ресторански дел околу целото острово. Првиот човек кој стапува во контакт со секој добронамерник во комплексот Св наум е Владо Мојаноски. Скромен по природа Мојаноски открива дека од година во година расте посетеноста во Св Наум, а посебно последниве години откако локалитетот...
Post Views: 1
Уште една адиција на образовани кадри која излегува од колеџот „Јахја Ќемал“-Струга. На вкупно четириесет и шест млади матуранти им беа врачени дипломите како доказ за нивното успешно завршено средно образование. Ова е веќе шестата генерација на матуранти кои излегуваат од клупите на колеџот Јахја Ќемал. Свеченоста започна со предавањето на знамето на колеџот на идната генерација на матуранти. Воедно учениците, професорите и присутните гости го прославија и својот патронен празник.
Пред присутните свој говор имаше и овогодинешната првенка на генерација која напомна колку...
Post Views: 2
На стрмните планински патеки на НП „Галичица“ во близина на туристичката населба Елшани падна велосипедист. Во бесознание, на тешко пристапниот терен случајно го пронајдоа активистите од Црвениот Крст на Охрид, од екипата за спасување на непристапни терени. Станува збор за малдиот Јаков Јованоски кој од незгодниот пад се здоби со телесни повреди а најверојатно има и внатрешно крварење во главата. За среќа оваа интервенција беше уште една успешна симулација за спасување на човечки живот со што единицата за спасување покажа дека се подготвени да се справат со ризиците...
Post Views: 10
Се подобруваат знаењето и вештините на гастрономскиот кадар кој произлегува од охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Менаџерите на рестораните може да видат добри гастрономи кои за своите готварски креации добиваат врвни награди на меѓународни натпревари. Во изминатиот перод, угостителите постојано се жалеа на квалитетот на завршениот гастрономски кадар, но од пред две години се направени квалитативни студиски програми и на овој отсек од факултетот. Доказ за тоа се добиените награди од меѓународни натпревари. Признанијата добиени од меѓународни шефови им ги...
Post Views: 1
Унијата на независни автономни синдикати заедно со невладините организации од градов ќе работи на унапредување на работничките права. Денес беше потпишан меморандум за соработка со две невладини организации кои се претставници на етничките заедници на еѓипјаните и ромите од Охрид, а тоа се „Коалицијата на еѓипјани“ и „Подобар живот“.
„На овој начин само работиме во насока на унапредување и заштита на уставно загарантираните на граѓаните на Република Македонија, со посебен акцент на еѓипјаните, како ранлив етникум во Република Македонија и во таа насока ние ќе ги продолжиме...
Post Views: 12
Во анкетата на ТелевизијА ТВМ, спроведена во рамките на рубриката ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД, поплаки од граѓаните за хаосот пред Рамстор маркетот во центарот на Охрид. Оставените прехрамбени производи и пијалоци преку цел ден на тротоарите, го попречуваат нормалното движење во строгиот центар.
Расфрлани отпадоци, амбалажа од прозводи,палети и отпад целиот простор до култната „Летница“ денес наликува на панаѓур.
Граѓаните во своите поплаки, кои ги испратија до ТВМ пишуваат:
Недозволиво е во строгиот центар на Охрид да има ваква слика. Два огромни маркети еден до друг. Едниот...
Post Views: 7
Сообраќајната култура и непочитувањето на правилата и прописите за безбедно учество во сообраќајот се на ниско ниво во земјава-велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. Според претседателот, Зоран Јошевски, процесот на промена на свеста е бавен и не може преку ноќ да се очекува некакво подобрување. Во таа насока тие се фокусираат на децата на возраст од 7 до 14 години како од мали нозе би се изградиле правилни навики за безбедно учествување во сообраќајот. Во моментот, според Јошевски бројот на сообраќајни незгоди и жртви ги потврдуваат нивните констатации...
Post Views: 5
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева забележана на прошетка низ Охрид. Денес таа го искористи убавото време за да ужива во погледот кој го нуди еден од нашите кафе барови кои се наоѓаат на брегот на езерото заедно со своите деца. Јанева во убаво расположение и без наводното според некои медиуми огромно обезбедување кое го поседува, уживаше на охридската ривиера веројатно релаксирајќи се од напорната работа на процесирање на огромен број снимки од нелегално прислушуваните разговори од кои досега Специјалното јавно обвинителство покрена вкупно пет акции под имињата...
Post Views: 0
Една жена од француската Прованса освоила jack-pot во наградната игра која ја организирал производителот на играта “Монопол”, пишува францускиот Figaro.
Купувајќи му Монопол на синот, жената во кутијата пронашла точно 20.580 евра во вистински банкноти.
Имено, производителот на играчки, Hasbro, на тој начин го прослави роденденот на оваа игра вметнувајќи во кутијата вистински пари.
“Сакавме да направиме нешто уникатно”, рекол Florence Gaillard, шефот на Monopoly.
Така биле припремени вкупно 80 кутии во кои се наоѓаат вистински пари. Главната награда била пронајдена,...
Post Views: 0
Незавидната состојба во која се наоѓаат улиците “Абас Емин” и “7ми Ноември” како и големата фреквенција на возила и оптовареност на коловозот се причината поради која според претставниците од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, само кратко време траат санациите на ударните дупки. Портпаролот на Секторот, Љупчо Танески вели дека ова особено важи за улицата “Абас Емин” која што е еден од горливите проблеми од аспект на живеењето во општина Охрид и се сложува дека трајно решение за истата би била само нејзина целосна реконструкција,...
Post Views: 3
Однесувањето на учесниците во сообраќајни незгоди, пропусти од увидните екипи, договарање на своја рака помеѓу учесниците во незгодата, поместување на возилата. Ова се само дел од сериозните потешкотии со кои се соочуваат судските вештаци чија што основна цел е изведување на максимално точни вештачења како полесно и поквалитетно би се решиле судските спорови во случај на сообраќајна незгода. Ова, според директорот на Бирото за судски вештачења, Дени Ѓорчевски ќе значи намалување на трошоците и на осигурителните компании, и на лицата инволвирани во судските спорови.
“Ако...
Post Views: 1
Летното сметање на времето почнува в недела наутро на 31 март во 02:00 часот по полноќ.
Летното сметање на времето почнува в недела наутро на 31 март во 02:00 часот по полноќ кога со поместување за еден час нанапред, ќе се смета дека е 03:00 часот по полноќ, информира Бирото за метрологија.
Летното сметање на времето ќе заврши на 27 октомври годинава.
Одлуката за летното сметање на времето веќе е објавена во Службен весник.
{loadposition content9}