Шеста генерација матуранти од колеџот „Јахја Кемал“

Овогодинешната првенка на генерацијата со традиционалното предавање на знамето на овој колеџ на следната генерација матуранти, означи уште една година на успеси.

 |  Наумоски Мишел  | 

Уште една адиција на образовани кадри која излегува од колеџот „Јахја Ќемал“-Струга. На вкупно четириесет и шест млади матуранти им беа врачени дипломите како доказ за нивното успешно завршено средно образование. Ова е веќе шестата генерација на матуранти кои излегуваат од клупите на колеџот Јахја Ќемал. Свеченоста започна со предавањето на знамето на колеџот на идната генерација на матуранти. Воедно учениците, професорите и присутните гости го прославија и својот патронен празник.

Пред присутните свој говор имаше и овогодинешната првенка на генерација која напомна колку брзо поминале четирите години на образование во овој колеџ. Иако првично биле загрижени за строгоста на колеџот, сепак на крајот сфатиле дека Јахја Ќемал е едно катче во кое се пронашле самите себе си.

Првенката Рамани додаде дека во колеџот Јахја Ќемал се скршиле многу бариери, бариерата на национална и религиска припадност. Ушто со самото запишување започнува нивното исчекување на денот кога ќе ги облечат матурските униформи, и тој ден конечно го дочекаа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top