• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • УНАСМ заедно со невладините од градов ќе работи на унапредување на работничките права

УНАСМ заедно со невладините од градов ќе работи на унапредување на работничките права

Денес тие потпишаа меморандум за соработка со двете невладини организации „Коалиција на Еѓипјаните“ и „Подобар  живот“.

 |  Мишел Наумоски  | 

Унијата на независни автономни синдикати заедно со невладините организации од градов ќе работи на унапредување на работничките права. Денес беше потпишан меморандум за соработка со две невладини организации кои се претставници на етничките заедници на еѓипјаните и ромите од Охрид, а тоа се „Коалицијата на еѓипјани“ и „Подобар живот“.

„На овој начин само работиме во насока на унапредување и заштита на уставно загарантираните на граѓаните на Република Македонија, со посебен акцент на еѓипјаните, како ранлив етникум во Република Македонија и во таа насока ние ќе ги продолжиме нашите активности се со цел да ги активираме механизмите за остварување на правата на еѓипјаните и нивна заштита согласно Уставот и законите во Република Македонија.“-рече Демир Далип од НВО „Коалиција на еѓипјани“.

„Соработувавме со УНАСМ и сме задоволни од тоа затоа што тие ни овозможија сите работи за да бидеме и за таксистите и за сите останати работи што требаше да ги направиме.“-рече Сабри Неџат-НВО „Подобар живот“.

Потпретседателот на Унијата на независни автономни синдикати на Македонија, Благоја Иваноски, вели дека со статутарните измени кои тие ги направиле во 2013та, а со кои се овозможило соработка со невладините, во голема мера им ги проширува можностите за реализација на проекти заедно со нив кои ќе делуваат на подобрување на работничките права. Еден од примерите е и проектот кој тие го спровеле за практична помош и полесно вработување на невработените од областа на туризмот и угостителството.

„Втората активност поврзана со првата, а тоа се организираме курсеви по англиски јазик и култура на однесување на работно место, исто така во туризмот и угостителството, а во подоцнежно време организиравме курсеви по англиски јазик и култура на однесување на такси возачите на град Охрид, кои како плод на сето тоа добија соодветни знаења по англиски јазик, предавањата беа организирани од наша страна, но реализирани од професори професионалци, сето тоа го покривме финансиски ние, тие не учествуваа со финансиски средства.“-изјави Благоја Иваноски-потпретседател на УНАСМ.

Иваноски побара во име на проектите кои тие ги реализираат во оваа насока да им се излезе во пресрет со користење на одредени бенефиции кои уживаат одредени невладини организации кои според него немаат активности, а добиваат помош. Инаку заедно со „Коалиција на еѓипјани“ и „Подобар живот“ тие ќе работат на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од овие етнички заедници, особено на семејствата во социјален ризик, ќе организираат семинари како и натпревари од културен и едукативен карактер.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top