Се подобрува квалитетот на гастрономскиот кадар во ФТУ Охрид

Направени се квалитативни промени во студиските програми со воведување повеќе пракса кои носат и меѓународи признанија. Признанијата добиени од меѓународни шефови на натпревари на гастрономите од овој факултет им ги отвораат вратите од врвни угостителски објекти, не само дома, туку и во странство.

 |  Валентина Неловска  | 

Се подобруваат знаењето и вештините на гастрономскиот кадар кој произлегува од охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Менаџерите на рестораните може да видат добри гастрономи кои за своите готварски креации добиваат врвни награди на меѓународни натпревари. Во изминатиот перод, угостителите постојано се жалеа на квалитетот на завршениот гастрономски кадар, но од пред две години се направени квалитативни студиски програми и на овој отсек од факултетот. Доказ за тоа се добиените награди од меѓународни натпревари. Признанијата добиени од меѓународни шефови им ги отвораат вратите од врвни угостителските објекти, не само дома, туку и во странство, напоменува Цветко Андреески, декан на ФТУ.

Готвачите кои учествуваат на вакви натпревари и освојуваат награди ги бараат секаде во светот. Очекувам дека нашите студенти нема да останат во нашите ресторани ќе ги побараат во странство. На идните студенти им покажуваме дека не е недостижно да се добијат вакви награди и со нивните резултати ќе се барани на пазарот на трудот – истакна Андреески.

Студентите во делот на организирање на студиите по гастрономија имаат повеќе практична обука. Задолжително имаат најмалку еден месец пракса во некој од угостителските објекти во текот на годината, информира доцент д-р Климент Наумов, професор по гастрономија.

Секој месец имаме јавувања од менаџерите на ресторани, хотели, туристичко- угостителските објекти кои се заинтересирани да имаат дел од нашите студенти кои би ја поминале праксата кај нив. Очекуваме во иднина и нивна поддршка за да можеме овие замисли дополнително да ги развиваме – вели Наумов.

ФТУ придонесува кон подобрување на образовната дејност и мотивација на студентите за стекнување повисоки квалитети. Во таа насока соработуваат и со странски центри за обуки во познати образовни центри во Европа, како што се во Франција, Италија, Шпанија, Ирска.     

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top