Среќничка пронашла вистински евра во кутија од играта “Монопол”

Купувајќи “Монопол” за синот, внатре пронашла вистински банкноти

 |  инфодеск  | 

Една жена од француската Прованса освоила jack-pot во наградната игра која ја организирал производителот на играта “Монопол”, пишува францускиот Figaro.

Купувајќи му Монопол на синот, жената во кутијата пронашла точно 20.580 евра во вистински банкноти.

Имено, производителот на играчки, Hasbro, на тој начин го прослави роденденот на оваа игра вметнувајќи во кутијата вистински пари.

“Сакавме да направиме нешто уникатно”, рекол Florence Gaillard, шефот на Monopoly.

Така биле припремени вкупно 80 кутии во кои се наоѓаат вистински пари. Главната награда била пронајдена, но купувачите сеуште имаат шанса да ги пронајдат останатите награди, односно кутии во кои се наоѓаат награди од по 300 или 150 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top