Охриѓани се жалат за хаосот пред „Рамстор“

Охриѓани со остри критики за безредието на маркетот Рамстор во центарот на Охрид. Узурпирани тротоари од дотур на стока преку целиот ден, расфрлана амбалажа, отпадоци, палети на сите страни. Просторот до култната Летница наликува на панаѓур.

 |   | 

Во анкетата на ТелевизијА ТВМ, спроведена во рамките на рубриката ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД,  поплаки од граѓаните за хаосот пред Рамстор маркетот во центарот на Охрид. Оставените прехрамбени производи и пијалоци преку цел ден на тротоарите, го попречуваат нормалното движење во строгиот центар.

Расфрлани отпадоци, амбалажа од прозводи,палети и отпад   целиот простор до култната „Летница“ денес наликува на панаѓур.

Граѓаните во своите поплаки, кои ги испратија до ТВМ пишуваат:

Недозволиво е во строгиот центар на Охрид да има ваква слика. Два огромни маркети еден до друг.  Едниот маркет , тоа е Рамстор, нема ниту магацин ниту паркинг соодветен за растовар на стока. Постојано е хаос во ценатрот на градот. Инспекциските служби мора да преземат мерки за ваквото неодговорно однесување на маркетот.

Срамно, на ништо не личи. Човек не може да помине-вели еден турист.

Треба газдата тоа да го среди. Тоа да го средат за пет минути. Инспекциите пијат кафе таму – вели еден охриѓанец.

Ние сме од Германија. Има ли кај вас вака оставени сокови на улица? Нема така – велат гости од Германија.

Меѓу производите, кои денес на пладне ги затекнавме заборавени на сонце на високи температури, покрај пијалоци во пластични шишиња имаше и лесно расиплива роба, а се вршеше и растовар на нови производи.

Согласно одлуката на советот на град Охрид влез во централното подрачје заради дотур на стока смее најдоцна до 10 часот утрото, но маркетот постојано не ја почитува одлуката.

Камионите и комбињата кои вршат достава на стока се сретнуваат преку цел ден и постојано предизвикуваат застој во сообраќајот што е дополнителен проблем во центарот на градот.

 

Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top