Пуштени во употреба тениски терени во Охрид

Post Views: 13   Време на најголеми инвестиции на спортот во Охрид. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите три тениски игралишта во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“. Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека тениските терени се изградени согласно сите стандарди на интернационалната тениска асоцијација. Додаде дека тука не запираат и потсети, дека во полн ек била изградбата на затворениот пливачки базен кој би требало да го реинкарнира пливањето и ватерполото во градов, а најави и отпочнување со реконструкција и на отворениот пливачки базен. „Оваа слика која ја имаме изминатите...

Continue reading

Американски искуства за справување во кризни ситуации

Post Views: 1 Една година Министерството за одбрана на Република Македонија, го реализира проектот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната – вооружените сили”. Станува збор за размена на искуства помеѓу САД и Македонија во справување во кризни ситуации. Тоа е дел од проектот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната – вооружените сили”, проект организиран заедно со Американската амбасада во Република Македонија. Денес на форумот во Охрид, се дискутира за главните аспекти од употребата на...

Continue reading

Samsung Galaxy 6 има проблеми со RAM меморијата

Post Views: 0 Сведоци сме дека излегувањето на flagship паметните телефони секоја година носат мноштво на новитети и секој производител претставува нешто поразлично од претходниот модел што ќе го разликува од конкуренцијата.Така и овој пат е во случајот со Samsung и неговата нова Galaxy S линија. Спрема пишувањата на PcWorld.com, актуелниот модел предизвика голема медиумска прашина и пред почетокот на неговата продажба. Почетните резултати на продажбата ги оборија сите рекорди во кратко време, но сепак, за да не биде сѐ како што треба се погрижи неговата работна меморија (RAM 3GB)....

Continue reading

ЈП „ Нискоградба“ започна со чистење на атмосферскиот и фекалниот градски систем

Post Views: 0 Екипи на ЈП „Нискоградба“ на целата територија на општина Охрид започнаа со чистење на атмосферската и канализационата мрежа. Започнаа од централното градско подрачје за кое велат дека има мошне критични точки, а ќе продолжат и кон периферните делови од градот. „За да функционира подобро целиот систем и цевководот за одведување на отпадните води годинава ќе се прави поопсежно чистење. Бидејќи во изминатиот период се направи скенирање и се утврдија  некој точки  кои се покритични со цел да нема проблеми во иднина се прави ова чистење. На дел од критичните точки ќе се...

Continue reading

Мeѓународни мозаичари и конзерватори на трета средба во Охрид

Post Views: 3 Мозаиците се специфична уметност најчесто се среќаваат како подна декорација. На Римските археолошки  локалитети ги има најмногу, успеале под рушевините да бидат зачувани. Но кога еднаш ќе бидат откронеи почнува борвата за нивна  заштита за да не пропаднат. Таа е и целта на меѓународни мозаичари и конзерватори кои заедно на трета средба во Охрид, сo реализација на проектот  See mozaiks 3, ќе дискутираат за повеќе проблеми во мозаичната  заштита.Во Охрид вомоментов има голем број на археолошки локлаитеи на кои се откриени мозаици, информира Никола Упевче конзерватор на...

Continue reading

logo

Од утре Македонија во жолта, алертна фаза

Post Views: 5 Утре и во четврток се очекува Македонија да биде зафатена со температури кои се наоѓаат во жолтата, односно алертна фаза, според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи. Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата, а Министерството за здравство апелира до граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено од 11 до 16 часот, да носат лесна и светла облека, да консумираат лесна храна и течности, да одржуваат хигиена на раце и на хигиенски начин да ја подготовуваат храната, како и хронично болните редовно да ја земаат...

Continue reading

Неколку гробови недозатрупани со земја на охридските гробишта

Post Views: 18   Неколку семејства вознемирени откако забележале дека гробовите на нивни блиски биле оставени недозатрупани со земја на градските гробишта во Охрид. За случајот веднаш алармирале во ЈП Градски Гробишта но и до редакцијата на ТВМ. Граѓаните сметаат дека треба да постои законска одредба, која ќе предвиди колку една гробница треба да биде покриена со земја. Случајот го потврдува и првиот човек на ЈП Зоран Симоноски. Тој вели дека забелешките и приговорите на граѓаните држат, но дека се упатени на погрешна адреса. Симоноски цитирајќи го Законот за гробишта тврди дека приватните...

Continue reading

trkalezna masa-sindikati

Македонија на енергетски план, подготвена за ЕУ

Post Views: 1 Македонските енергетски компании се на добар пат кон Европската Унија. Овие два дена во хотел „Бисер“, во Струга, се одржува тркалезна маса со претставници на синдикатите од Југоисточна Европа. Тука се разменуваат мислења во делот на социјалниот дијалог за енергетските компании во регионот. Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати Раско Мишковски рече дека денешниот состанок воедно е и подготвителен состанок на синдикатите, за наредните чекори за остварување на правата на работниците во делот на енергетските компании. Тој додаде дека секое искуство е добредојдено,...

Continue reading

Локалната гради, вандалите уништуваат

Post Views: 1 Охрид доби уште едно детско игралиште, уште едно катче во кое најмладите ќе може безбедно да го минуваат слободното време. По налог на Секторот за комунални дејности,економскиот оператор успешно ја реализираше изградбата на детското игралиште кај поранешен „ Стобекс“ во населбата „ Видобишта“. Во рамките на градежните активности беа поставени детски и спортски реквизити на постоечкиот простор и истиот беше соодветно хортикултурно уреден, истакна Љупчо Танески од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици при Локалната Самоуправа. „Релизацијата на овој проект ќе продолжи...

Continue reading

Не е точно дека при вакцинација некои примаат вистинска вакцина, а други плацебо

Post Views: 1 Плацебо е физиолошки раствор, односно мешавина од сол и вода, која се дава во текот на клиничките испитувања на вакцините на дел од учесниците. Откако ќе биде целосно развиена, вакцината повеќе нема никаква допирна точка со плацебо. Кога ќе отидете на вакцинален пункт, може да бидете сигурни дека примате вакцина, а не солена вода во рамото. Тврдењето дека политичарите не примаат вистинска, туку плацебо ковид-19 вакцина, е невистинито, непоткрепено со аргументи и претставува теорија на заговор која ги вклучува елитите како наводно привилегирани контролирачи на ковид...

Continue reading

Во Охрид годинава се издадени повеќе решенија за изградба на објекти од лани

Post Views: 6 Во првата половина од годинава во споредба со лани се издадени поголем  број на одобренија  за градба на различни објекти. Во Охрид најмногу се гради во катастарската општина 3 која ги опфаќа улиците Абас Емин, новата автобуска станица и улицата Јане Сандански. Од секторот за урбанизам за шесте месеци од 2016  издале едно решение за градба на погон од лесна индустрија, 2 одобренија за доградба и реконструкција за хотели, едно за изградба на колективна станбена зграда, 14 за изградба на семејни  куќи, 3 одобренија за надградба на семејни куќи и 10 решенија за настрешници...

Continue reading

Продолжен конкурсот за реонски попишувачи и инструктори

Post Views: 11 Јавниот конкурс за ангажирање на Реонски попишувачи и инструктори, наместо до 05.08.2021, ќе трае до 12.08.2021 година. Се известуваат заинтересираните лица кои сакаат да се ангажираат во спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, дека Јавниот конкурс за ангажирање на Реонски попишувачи и Реонски инструктори е објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб страниците од Државниот завод за статисктика. Дополнителни информации може да се добијат од дописот во прилог.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top