Неколку гробови недозатрупани со земја на охридските гробишта

Некоку гробови на охридските гробишта останаа недозатрупани со земја, реагираат граѓани. Од Јавното претпријатие кое управува со гробните површини посочуваат дека тоа е пропуст на приватните оператори при извршување на закопите. Додека пак трите приватни оператори кои имаат лиценца за погребување, тврдат дека уредно по сите законски прописи ги вршат погребите.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Неколку семејства вознемирени откако забележале дека гробовите на нивни блиски биле оставени недозатрупани со земја на градските гробишта во Охрид. За случајот веднаш алармирале во ЈП Градски Гробишта но и до редакцијата на ТВМ. Граѓаните сметаат дека треба да постои законска одредба, која ќе предвиди колку една гробница треба да биде покриена со земја. Случајот го потврдува и првиот човек на ЈП Зоран Симоноски. Тој вели дека забелешките и приговорите на граѓаните држат, но дека се упатени на погрешна адреса. Симоноски цитирајќи го Законот за гробишта тврди дека приватните погребални оператори, согласно предходно склучен договор, вршат погреб, односно услугите откоп и закоп и веднаш после тоа треба да го вратат местото во првобитна состојба.

„Сите оние поплаки и приговори што дошле кај нас ги има извршено приватниот оператор „Мирен Сон“ и не држи изјавата на тој или друг оператор дека санирањето на дупката треба да ја врши управителот односно ЈП, напротив, согласно Законот за гробишта нас таква услуга ни е забрането да вршиме како и изградба на надгробни споменици

Од приватниот погребалебн оператор „Мирен Сон“, пак тврдат дека 6 години наназад тие ниту еднаш не добиле ваква или слична поплака од граѓани. Додаваат дека нивните екипи, уредно при секое откопување на гроб, запазувале да исфрлат онолку земја колку што изнесува сандакот на покојниот и малку повеќе. Но проблемот настанувал одредено време по закопот кога земјата ќе налегнела и доаѓало до потонување. Откриваат дека за да не дојде до поголемо потонување на земјата правеле т.н. „хумка“ и со завршување на погребот завршувале сите нивни активности околу гробницата на покојниот. Од „Мирен сон“ исто така се повикуваат на Законот за гробишта, каде законот предвидел управителот на гробиштата да ги одржува гробиштата за што пак граѓаните плаќале одреден годишен надомест. Меѓутоа директорот Симоноски со цел да се надмине проблемот најавува поголема контрола од нивна страна врз погребалните оператори.

„Ние како управител, имаме законска можност за контрола на работата на приватните оператори, тоа го вршиме постојано, при согледување на ваквата состојба и при приговорите нашите служби се излезени на терен, констатиран е таков проблем, известени се сите приватни оператори, а од овој момент ќе бидат преземени поригорозни мерки ако треба и санкции, согласно Законот за гробишта

Симоноски не отстапува од неговиот став дека приватниот оператор мора да ја надомести земјата во гробниците каде што недостасува за да не тонат гробовите по метар и повеќе. Доколку соптвеник на гробно место побара да се надополни гробот со земја јавното претпријатие тоа ќе го дозволи без наплаќање надомест, вели Симоноски. Инаку и останатите два приватни погребални оператори „Вечен Дом“ и „Две солзи“ тврдат дека работат согласно Законот за гробишта со однапред потпишан договор со управителот односно ЈП „Градски Гробишта“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top