Во Охрид годинава се издадени повеќе решенија за изградба на објекти од лани

 Во Охрид годинава се издадени повеќе решенија за изградба на објекти од лани.

 |  Валентина Неловска  | 

Во првата половина од годинава во споредба со лани се издадени поголем  број на одобренија  за градба на различни објекти. Во Охрид најмногу се гради во катастарската општина 3 која ги опфаќа улиците Абас Емин, новата автобуска станица и улицата Јане Сандански. Од секторот за урбанизам за шесте месеци од 2016  издале едно решение за градба на погон од лесна индустрија, 2 одобренија за доградба и реконструкција за хотели, едно за изградба на колективна станбена зграда, 14 за изградба на семејни  куќи, 3 одобренија за надградба на семејни куќи и 10 решенија за настрешници и помошни објекти, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски. Додава дека иако има повеќе  одобренија и решенија за градби сепак има помалку инкасирани пари во општинскиот буџет за разлика од лани.

„Во општинската каса се слеале над 16 милиони денари што е помалку за разлика од лани кога од издадените решенија и одобренија се инкасирале над 24 милиони денари. Овие бројки се релативни се работи за објекти од различна големина или се изградени во различни урбани зони во градот. За секоја урбанистичка зона има посебна тарифа за висината на комуналнире давачки“, појаснува  Џамтоски.

Во овие издадени решенија и одобренија не се вклучуваат градбите во Стариот дел од градот бидејќи општинскиот сектор за урбанзиам нема надлежности за издавање на решенија за градби туку таа  надлежност е во државните институции, подвлекува портпаролот Томе Џамтоски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top