Локалната гради, вандалите уништуваат

Успешно реализирана изградбата на детското игралиште кај поранешен „ Стобекс“ во  населбата „ Видобишта“. Но, и покрај тоа што Општина Охрид продолжува со изведба, реконструкција и изградба на детски игралишта, не престанува вандалското однесување кон јавните добра во градов.

 |   | 

Охрид доби уште едно детско игралиште, уште едно катче во кое најмладите ќе може безбедно да го минуваат слободното време. По налог на Секторот за комунални дејности,економскиот оператор успешно ја реализираше изградбата на детското игралиште кај поранешен „ Стобекс“ во населбата „ Видобишта“. Во рамките на градежните активности беа поставени детски и спортски реквизити на постоечкиот простор и истиот беше соодветно хортикултурно уреден, истакна Љупчо Танески од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици при Локалната Самоуправа.

„Релизацијата на овој проект ќе продолжи и во иднина до почетокот на зимата и очекуваме да бидат изградени најмалку две вакви детски спортски игралишта кои претставуваат значаен придонес на Локалната во развојот на децата од најмала возраст , но овие детски игралишта преставуваат собиралиште и на оние од младата генерација“ објаснува Љупчо Танески – Сектор за комунални дејности сообраќај и улици.

Инаку станува збор за инвестиција вредна 380 000 денари,средствата целосно обезбедени од буџетот на Општина Охрид, врз основа на потпишаниот договор за изведба,реконструкција и изградба на детски игралишта со економскиот оператор „Дион Градител“ ДООЕЛ. И покрај овие заложби на локалната за жал не престанува вандалското однесување кон јавните добра во градов.Еден од многуте примери е детското игралиште во УЗ „Гоце Делчев“, кое во континуитет откако е изграден и пуштено во употреба е на мета на вандалите. Само за една година од локалната пристапиле кон санација на неколку од детските игралишта во градов, вели Танески, вклучително и ова игралиште.

„ЈП „Градски пазар“ има обврска да ги санира и делумно да ги реконструира детските спортски игралишта на територијата на општината, во случајот со игралиштето во УЗ „Гоце Делчев“ на два или три пати е интервенирано од страна на јавното претпријатие преку санација на металната заштитна ограда и оние детски реквизити кои во минатиов период биле уништени. За жал апелите кои ги праќаме ние и СВР не помагаат многу“ објаснува Танески.

Инаку од Локалната велат дека продолжува соработката со СВР, но повеќе од очигледно е дека она на што треба да поработиме е јавната свест, дека за овие објекти на крајот од денот плаќаме сите од сопствениот џеб.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top