Американски искуства за справување во кризни ситуации

Една година Министерството за одбрана на Република Македонија, го реализира проектот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната – вооружените сили”.

 |   | 

Една година Министерството за одбрана на Република Македонија, го реализира проектот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната – вооружените сили”.

Станува збор за размена на искуства помеѓу САД и Македонија во справување во кризни ситуации. Тоа е дел од проектот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната – вооружените сили”, проект организиран заедно со Американската амбасада во Република Македонија. Денес на форумот во Охрид, се дискутира за главните аспекти од употребата на армијата во услови на поддршка на цивилните структури во државата.

„Овој прект започна уште пред година дена имавме наши експерти кои што беа во САД каде што посетија различни институции да видат како се координираат употребата на америкаснакат армија, националните гарди при природни непогоди и други ситуации. Сега имаме експерти тука од САД со кои што се споредуваат нашите и нивните искуства со цел во услови на крза како што беше оваа пред нецел месец како да се координираат институциите на државата за соодветно да реагираат“ истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски денес во Охрид.

Во контекст на форумот стана збор и за кризната ситуација која неодамна ги погоди Скопје и тетовско. Министерот Јолевски задоволен од реакцијата на Државните институции

„Државните институции беа на терен перманентно уште од самиот момент на настанување на кризата. Секако после вакви настани ние правиме анализи како може во иднина подобро да реагираме, така и овде имаме неколку кејс студии на пример како американската армија и институции реагирале кога беше големата непогода Калтрина, во Луизијана и во Вермонт и Њу Џерси“, вели Министерот Јолевски.

Размената на искуства со САД и другите држави се многу значајни за Македонија. Во рамките на реализацијата на проектот денес Министерот за одбрана го посети Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top