Post Views: 1
Во охридското здравство ќе бидат инвестирани три милиони евра за нова медицинска опрема. Тоа е предвидено во програмата „Реално“ на ВМРО – ДПМНЕ, како што најави денес од пред Општа болница Охрид, носителот на листата за пратеници во 5та изборна единица, Антонио Милошоски. Тој најави целосна обнова и реконструкција на Клиничката болница во Битола, целосна обнова и реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, завршна фаза на реконструкција на Центарот за кардиоваскуларни болести во Охрид, како и завршна фаза реконструкција...
Post Views: 3
Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем, ниту една нова пречистителна станица, нема скијачки центар на Галичица, нема експресен пат до Пештани и Св. Наум, го нема туристичкиот комплекс на Субрата Рој, ги нема луксузните хотели… од тоа што го ветија ништо не рализираа, па затоа сега сето тоа го ветуваат повторно, по трет пат, како нови проекти, обвини...
Post Views: 5
Во Скопје денеска ќе биде отворен прв центар за жртвите на семејно насилство. Овој центар претставува прв сервисен модел во Македонија што ќе применува иновативен пристап во третирањето на семејно насилство бидејќи во него ќе се нудат интегрирани услуги за психо-социјална поддршка на семејства кои се во конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или пак во изминатиот период постоело насилство.
Отворањето на центарот се реализира во рамки на проектот Прв семеен центар во Град Скопје како дел од Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот...
Post Views: 15
Синоќа на улицата „15-ти Корпус“, во близина на бензинската пумпа „Навис“ се случи тешка сообраќајна незгода. Од СВР информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 62- годишен охриѓанец на кого налетало патничко моторно возило марка „Рено Еспејс“ со охридски регистарски ознаки кое по улицата се движело од правец на селото Лескоец кон улицата „Железничка“.На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид како и овластени судски вештаци.Основната...
Post Views: 2
„Бидејќи е зима и не можеме да садиме ни трева ни цвеќа во овој период се одлучуваме за зимзелени растенија и изградување на малечки патеки, за да не се оштетува паркот во иднина, а со тек на време би требало тој парк да се надградува односно да биде изведба во процес“ потенцира Петреска.
Главната цел на ЛИГ-а и потребата од неа е акционите планови да бидат претставувани пред советот на Општината, Градоначалникот, бизнис секторот и други локални чинители, со цел нивното спроведување да биде буџетирано од јавните средства, спонзорства и донации. Се очекува оваа група...
Post Views: 3
Откако започна Изборната кампања, секојдневно партиите и коалициите заострувајќи ја реториката кон политичките противници ги продлабочуваат стравот и омразата кај народот.
Секојдневно мафтаат со некакви напишани програми, кој со сини, кој со црвени корици, а освен промена на бојата не слушаме ништо ново. Како мислат да ги исполнат сите свои ветувања со нарушени меѓучовечки односи?, кажа на денешната прес конференција , кандидатот за пратеник од Коалицијата ВМРО за Македонија, Валдимир Каневчев.
„Како значаен дел од новата Влада на Република Македонија (секако дека ниту...
Post Views: 1
Во Охрид, во последните 24 часа се регистрирани 20 нови случаи на ковид 19, стои во денешниот извештај на Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје.
На Инфективното одделение во охридската Општа болница на лекување се наоѓаат 14 пациенти со ковид 19. Од нив 10-мина се на кислородна поддршка, информира директорот на болницата д-р Горан Балевски. Засега, нема потреба од отворање на модуларната болница, а на инфективното и интерното одделение има и стотина прегледи во текот на денот.
Во Охрид во изминатите 24 часа регистрирани сe...
Post Views: 2
МЕПСО потврди дека постоечки водови кои се во функција повеќе од 50 години во Охридскиот регион, ќе бидат заменети со нови.
Меѓу најзначајните проекти на кои ќе се работи во блиска иднина е изградбата на нов 400 kV далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Република Македонија и на Република Албанија и изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во Охрид.
Овој проект вклучува изградба на неколку нови 110 kV далекуводи кои ќе заменат постоечки водови, модернизација на примарна и секундарна високонапонска опрема низ повеќе трансформаторски станици...
Post Views: 4
Одржана средба меѓу охридските угостители, хотелиери и градоначалникот Константин Георгиески. Угостителите и хотелиерите бараат поддршка од Локалната самоуправа да ги пренесе нивните барања до повисоките инстанци за корекција и промена на пакетот рестриктивни мерки како лошо формулирани и недопрецизирани, информира Махаил Мишев, претседател на Охридскиот угостителски еснаф .
Првите забелешки беа на воведување на редарска служба. Има многу недоречености во тоа ако некој гостин кој дошол на свадба дали ќе биде во ред хотелот да го услужи или не заради статусот дали е...
Post Views: 1
Во среда, е неработен ден, освен за здравствените работници, соопштија од Министерството за труд и социјална политика, затоа што ќе се организира традиционалната манифестација Ден на дрвото, кога на територија на цела република ќе се засадуваат дрвја.
Валква одлука, донесла Владата на Република Македонија на седница одржана во петокот.
По повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции.
На денот на акцијата градинките да се со вообичаено работно...
Post Views: 2
Охридското село Курајца станува се поатрактивно за посета, не само во летниот период туку и во зима. Дрвата за огрев се одамна сместени во селските дворишта а огништата веќе ја шират топлината во секој дом во Курајца. Топло добредојде во ова село ни ни посака баба Богдана Крстаноска. Таа ни понуди ракија и кафе за загравање, а ни кажа дека црвеното вино веќе е во бочвите, месото било подготвено, а зимницата одамна е готова. За своите 80 година баба Боца добро се држи, досега освен за грип други лекови не се напила. Таа раскажа како се живее во Курајца. Вели дека може...
Post Views: 2
Спортски настан кој заврши со стравичен судир на двата спортски авиони на кој сведочеа бројни гледачи.
Стравичниот судир на авионите се случил над Јадранското море, во близина на италијанскиот град Алба Адриатик.
Во оваа несреќа во неделата, на која сведочеле бројни граѓани кои биле на плажите, загинал еден пилот додека другиот успеал да се извлече и принудно да слета, јавува RT.
На фотографиите се гледаат двата авиони како летаат во формација еден над друг, но одеднаш авионот кој летал повисоко ја загубил висината и удрил во авионот кој летал пониско.
Во несреќата загинал...