„МЕПСО“ ќе ја поднови мрежата во охридско

МЕПСО потврди дека постоечки водови кои се во функција повеќе од 50 години во Охридскиот регион, ќе бидат заменети со нови.

 |   | 

МЕПСО потврди дека постоечки водови кои се во функција повеќе од 50 години во Охридскиот регион, ќе бидат заменети со нови.

Меѓу најзначајните проекти на кои ќе се работи во блиска иднина е изградбата на нов 400 kV далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Република Македонија и на Република Албанија и изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во Охрид.

Овој проект вклучува изградба на неколку нови 110 kV далекуводи кои ќе заменат постоечки водови, модернизација на примарна и секундарна високонапонска опрема низ повеќе трансформаторски станици и автоматизација на нивното управување, пренесува „Енергетика.НЕТ“.

Во рамките на проектот ќе биде искористен и грант од 12 милиони евра на ЕУ. Со 37 милиони евра за 400 киловолтен далновод, ќе се поврзат македонскиот и албанскиот електропреносен систем. Со кредитот ќе бидат изградени 95 километри 400 киловолтен далекувод од Битола до македонско-албанската граница и нова трансформаторска станица во близина на Охрид. МЕПСО во овој проект ќе учествува и со сопствено учество на средства кои се дел од грантот добиен во износ од 12 милиони евра од фондот Инвестициска рамка за Западен Балкан и Европската унија и од средства на Европската Унија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top