Тунтев: ВМРО-ДПМНЕ не реализира ниту еден од ветените приоритетни проекти

ВМРО-ДПМНЕ без срам и намус, и без трунка совест, по трет пат ги ветува истите проекти за Охрид, што ги ветуваше и на минатите парламентарни и локални избори, изјави Томислав Тунтев. 

 |   | 

Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем, ниту една нова пречистителна станица, нема скијачки центар на Галичица, нема експресен пат до Пештани и Св. Наум, го нема туристичкиот комплекс на Субрата Рој, ги нема луксузните хотели… од тоа што го ветија ништо не рализираа, па затоа сега сето тоа го ветуваат повторно, по трет пат, како нови проекти, обвини денес на прес конференција Томислав Тунтев, кандидат за пратеник и пред. на ОО СДСМ Охрид.

„Граѓаните точно знаат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за охриѓани, туку напротив, серизоно го загрози нашето природно, културно и историско наследство, и на Плаошник, и Горица, и Студенчишта, и во Љубаништа, и Св. Наум. Поради нестручно, несовесно и неодговорно однесување на надлежните државни институции доведен е под знак прашање статусот на охридскиот регион што е под заштита на УНЕСКО. За прв пат во официјален документ на светската организација е ставена забелешка, со која охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја. Ова значи чекор до губење на статусот на заштитено подрачје“, рече Тунтев.

Поради “дил ориентид“ политиките на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Охрид секоја година e на првото место по бројот на иселени луѓe во нашата држава. Во последните 10 години, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од Охрид се иселени преку 7 илјади луѓе, што значи дека просечно од нашиот град секој ден си заминуваат по двајца наши сограѓани, посочи Тунтев, и додаде, „крајно време е оваа ненародна и режимска власт да си замине“.

„Охрид заслужува да биде град на младоста, град на надежта, град на иднината. Охрид заслужува да биде на листата на УНЕСКО, како главен центар на нашето природно, културно и историско наследство“. Нашата цел е да создадеме услови за младите да останат да живеат и работат во Македонија. На тој начин ќе го запреме масовното иселување на младите стручни лица од Охрид и ќе овозможиме вистински економски развој на градот и подигнување на животниот стандард на охриѓани. Почитувани граѓани, на изборите на 11 декември заокружете го бројот 4. На тој начин гласате за можноста нашите деца да останат во Охрид и за достоинствен живот за сите“, додаде Тунтев.

Тунтев посочи дел од предвидените проекти од Планот за живот во Македонија :како Гасификација, Охрид како регионален и европски здравствен туристички центар, Промоција на “Еколошки чист Охрид и Охридско Езеро”, ревизија на сите актуелни законски одредби од сферата на заштитата на природното, историското и културното наследство на Охрид, целосна ревизија на сите капитални инфраструктурни проекти кои би можеле да нанесат голема штета на Охрид и езерото, поврзување на Охрид со изградба на современа патна инфраструктура, поддршка на домашните микро, мали и средни претпријатија и на младите со добри бизнис идеи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top