Каневчев: Ветувања и нарушени меѓучовечки односи

Откако започна Изборната кампања, секојдневно партиите и коалициите заострувајќи ја реториката кон политичките противници ги продлабочуваат стравот и омразата кај народот.

 |   | 

Откако започна Изборната кампања, секојдневно партиите и коалициите заострувајќи ја реториката кон политичките противници ги продлабочуваат стравот и омразата кај народот.

Секојдневно мафтаат со некакви напишани програми, кој со сини, кој со црвени корици, а освен промена на бојата не слушаме ништо ново. Како мислат да ги исполнат сите свои ветувања со нарушени меѓучовечки односи?, кажа на денешната прес конференција , кандидатот за пратеник од Коалицијата ВМРО за Македонија, Валдимир Каневчев.

„Како значаен дел од новата Влада на Република Македонија (секако дека ниту можеме, ниту пак сакаме да освоиме 63 пратеници како што некои лидери фантазираат), ќе бидеме коректор и главен стожер на истата, пред се за сенародно помирување, обединување и заедничко трасирање на патот на Македонија, кон Европската Унија и НАТО.
Немаме намера никого да обвинуваме ниту да се реваншираме, но затоа ќе му овозможиме на Специјалното Јавно Обвинителство и останатите судови кои новата власт ќе ги реформира и демократизира, непречено да си ја вршат својата работа и секој кој се огрешил и и направил зло на Македонија и македонскиот народ, да си одговара согласно Уставот и законите на Република Македонија.
Како коалиција ВМРО за Македонија, морално право и обврска ни е да го вратиме сјајот и да ги обелиме четирите свети букви на историското ВМРО за кое во Македонија се пролеани реки од крв, а во последните десетина години истите тие букви беа оскрнавени исклучиво за ситнопартиски и лични интереси“ посочи Каневчев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top