Во охридско- струшкиот регион вчера се случија три сообраќајни незгоди

Во охридско- струшкиот регион вчера се случија три сообраќајни незгоди од кои во едната има и жртва, а во другата лицето се здобило со тешки телесни повреди. Од СВР упатуваат апел до возачите и пешаците  строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се прилагодува брзината на условите на патот и исклучиво да се преминува на пешачки премин како би се избегнале вакви сообраќајки кои често имаат и жртви.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Синоќа на улицата „15-ти Корпус“, во близина на бензинската пумпа „Навис“ се случи тешка сообраќајна незгода. Од СВР информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 62- годишен охриѓанец на кого налетало патничко моторно возило марка „Рено Еспејс“ со охридски регистарски ознаки кое по улицата се движело од правец на селото Лескоец кон улицата „Железничка“.На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид како и овластени судски вештаци.

Основната причина за сообраќајката е преминување на коловоз на необележан пешачки премин. Во таа прилика  еден граѓанин се здоби со тешки телесни повреди и во моментов се наоѓа во Општата болница во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од охридската болница кажуваат дека повредениот е сеуште згрижен таму и дека се наоѓа под постојана лекарска контрола.

Пациентот е донесен во тешка состојба која е животозагрозувачка. Тој е прифатен од страна на хирург и анестезиолозите во одделение за реанимација и пружена му е соодветна помош, направени се сите испитувања. Пациентот е стабилизиран, но сеуште е неконтактибилен, вели Митрески Арсо-хирург.

Покрај оваа сообраќајна незгода вчера се случија и две во Струшкиот регион. Едно лице го загубило животот  на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Радолишта. Од СВР упатуваат апел до возачите и пешаците  строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се прилагодува брзината на условите на патот и исклучиво да се преминува на пешачки премин како би се избегнале вакви сообраќајки кои често имаат и жртви.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top