Охридските угостители и хотелиери бараат техничка корекција на рестриктивните мерки

На барање на еснафот на угостители и Хотам денеска се одржа средба со градоначалникот Константин Георгиески. Им беше порачано дека Локалната самоуправа има слух за нивните проблеми и барања и дека ќе ги  проследи нивните забелешки до надлежните инстанци. 

 |  Валентина Неловска  | 

Одржана средба меѓу охридските угостители, хотелиери и градоначалникот Константин Георгиески. Угостителите и хотелиерите бараат поддршка од Локалната самоуправа да ги пренесе нивните барања до повисоките инстанци за корекција и промена на пакетот рестриктивни мерки како лошо формулирани и недопрецизирани, информира Махаил Мишев, претседател на Охридскиот угостителски еснаф .

Првите забелешки беа на воведување на редарска служба. Има многу недоречености во тоа ако некој гостин кој дошол на свадба дали ќе биде во ред хотелот да го услужи или не заради статусот дали  е вакциониран или не, а ако влегол во државата. Има и слични прашања кои гледано се повеќе од технички аспект. Не е предмет на разговор дека треба да се справуваме сите со ширење на болеста. Сите имаме колективна поддршка за тоа – истакна Мишев.

Рестриктивните мерки треба да стапат на сила за пет дена за спречување на ширење на делта сојот на коронавирусот кој полека го разгорува новиот бран. Михаил Мишев, претседетелот на Охридскиот угостителски еснаф вели дека не се против мерките донесени против ширење на пандемијата туку бараат нивно допрецизирање.

За делот од работата и она што ќе бидат економски негативни ефекти во работењето сметаме дека има време и поле да најдеме разбирање од повисоките инстанци – додава Мишев.

Од Локалната самоуправа добиле ветување дека ќе ги процесуираат на повисоко ниво нивните барања. На средбата биле поканетите и претставници од Државниот пазарен инспекторат за да дадат подетални одговори на нивните прашања, но тие не биле во можност да присуствуват. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top