Post Views: 7
Турските власти вчера го отвориле првиот поморски тунел за возила под Босфор, кој ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул.
Церемонијата на отворањето на тунелот “Евроазија”, кој минува под Босфорскиот мореуз, не била одложена иако земјата е во шок по вчерашното убиство на рускиот амбасадор во Турција.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рекол дека одлуката да не се откаже церемонијата за отворањето на тунелот е “одговор на тероризмот”.
“Не можеме да дозволиме тероризмот да преземе контрола над нашиот распоред” рекол...
Post Views: 1
Социјалните мрежи преплавени со говор на омраза. Посебно е застапен во последниот период и е поврзан со актуелните политички случувања . Меѓу многубројните статуси можат да се прочитаат голем број навреди, клевети, пред се помеѓу граѓани кои се симпатизери или припаѓаат на различни политички опции.
За жал состојбите во Македонија укажуваат дека говорот на омраза се употребува пречесто меѓутоа релевантните државни институции кои се надлежни да се борат со него односно да го казнуваат се неми за говорот на омраза, вели Елена Брмбевска од Хелсиншкиот комитет за човекови...
Post Views: 4
Имајќи во предвид дека бројот на уреди кој секојдневно ги користиме е сѐ поголем и дека интересот сѐ повеќе се зголемува, логично е да се размислува за пронаоѓање на решение за полнење на уредите.
Научниците од Универзитетот во Вашингтон успешно тестирале Wi-Fi полнење така што на различни уреди поврзувале сензори кои се во можност да примаат Wi-Fi сигнали и да ги претвораат во енергија која ја полни батеријата.
Тимот на американски научници овој систем сакал да го интегрира на веќе постоечката Wi-Fi инфраструктура па било доволно рутерите да добијат софтверско надоградување...
Post Views: 3
Црвен крст од Охрид ја реализира последната крводарителска акција за оваа година. Денес крв даруваа студентите од ФТУ, но и редовни крводарители кои учествуваат на сите акции. Охридската организација посебно внимание обрнува на одржувањето на крводарителските акции, а посебно на стимулацијата на младите да се вклучат во нив.
За среќа бројот на младите крводарители расте. Задоволни сме и од одѕивот на средношколците каде редовно се организираат по две крводарителски акции на полнолетните ученици. Тоа е наесен и напролет па продолжуваме понатаму со ваквиот тренд, вели...
Post Views: 0
идските угостители ги прават последните подготовки за претстојните празници и Новогодишната ноќ. На десетина дена до истекот на годината рестораните се подготвуваат за пречек на гостите со избор на новогодишното мени и музичките групи. Тие ќе се погрижат гостите да имаат незаборавна забава со добра храна и пијалок при тоа зачинети и со добра музика. За незаборавен дочек на 2017 година се погрижија и од ресторанот Лихнидос со внимателно избрано мени.
„Имаме склоп на околности кои јадења се повеќе барани што да понудиме од она што најмногу ни се троши. Плескавицата...
Post Views: 4
Германскиот весник Der Spiegel пишува дека на Македонија, поради изградбата и реализацијата на престижни проекти при реконструирањето на Скопје и се заканува колапс. Во текстот е наведено дека Скопје има нов споменик од Александар Македонски, кој чини 10,5 милиони евра.
“Споменикот се издигнува на 30 метри во висина, а се наоѓа во самото срце на градот. Многу е автентичен, како репликата на Големиот канал во Лас Вегас. Блиску до тој споменик се наоѓаат и други јунаци од македонската историја. На другата страна на Вардар, на влезот на стариот град, се наоѓа споменик...
Post Views: 2
На улицата 15ти Корпус е опожарена една куќа. Дојавата за појава на пожар била примена вчера во утринските часови во 8 и15 минути. Противпожарните возила пристигнале за 5 минути и пожарот го локализирале во 8 и 40 минути, а го ликвидирале во 9 и 30 минути. Во гасење на пожарот биле вклучени 4 возила и дванаесетмина пожарникари, информира заменик командирот Горан Маркоски.
„Посебни отежнувачки околности при интервенцијата е што во куќата имаше складиште од гуми и високо горив материјал бои и лакови и целокупна документација од правен субјект, хартија која дополнително...
Post Views: 1
Одложено првото рочиште од повторениот судски спор за несреќата на „Пливалиште“. Кобниот шанк кој каде минатата година од струен удар настрадаа тројцата стружани, повторно се најде пред Основниот суд во Струга, во рацете на судијата Живко Аврамоски.Ослободување на обвинетите. Ова денес од судијата Живко Аврамоски, го побара Бесник Каба- бранителот на обвинетиот Климе Миладиновски, во судницата на Основниот суд во Струга, каде требаше да се одржи првото рочиште од повторениот судски спор за случајот „Пливалиште“, а кој спор се одложи. Адвокатите Димитрија Цобоски, Ставре...
Post Views: 0
Новата година и Божиќните празници се посебни и цеслосни кога во вашето поштенско сандаче ќе добиете некоја убава и шарена новогодишна честитка. Ако порано праќањето честитки за Нова година беше традиција, последниве години повеќето од нас праќаме и добиваме повеќе честитки преку електронска пошта. Новогодишните честитки ги има да се купат, но колку граѓаните ја негуваат навиката со честитка да си посакаат Среќна Нова Година?!
„Да купувам и испраќам честитки, бидејќи сметам дека преку СМС пораки не е честитање на Нова година“. „Убаво е Нова Година да се честите со...
Post Views: 2
Слаб интерес на Охриѓани за дочек на Новата година надвор од земјава. Ова се должи на намалената куповна моќ на граѓаните, но и на новите анти- ковид мерки, велат од туристичките агенции.
Споредено со годините пред пандемијата, оваа година заинтересираноста е помалку од 10%, вели Јаким Маленко од туристичката агенција ВисПој.
Секојдневните промени што се случуваат со правилата за патување, со протоколите, со мерките кои ги преземаат сите држави, не само нашата држава, сите држави каде што требаше да се патува, доведе до големо откажување на аранжманите, бидејќи голем...
Post Views: 1
Нов моден бренд во Охрид. Сите љубители на високата мода од Њујорк и Париз ќе можат да си го купат своето уникатно парче облека во „Rumor“ шоп креирано од светски познати модни креатори: Ристо/Париз, Монографи /Париз, СЕВ/Париз, Елла/Исланд и Џуми Лим – We are owls NewYork/Њујорк. Покрај со квалитет „Rumor“ своите клиенти ќе ги привлекува и со цени прикладни за македонскиот пазар. Идејата за отварање на еден ваков ексклузивен бутик е на две талентирани личности од светот на модата во Охрид, Лејла Гогова и Алек Бимбилоски. „Rumor“ е нивна голема заедничка желба...
Post Views: 5
Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 19 часот, на патот Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“.
Вечерва околу 19:00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на стариот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, товарно возило удрило пешак, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршија полициски екипи, поради што сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеќе информации во текот на утрешниот ден – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
извор: ОхридПрес