Камион усмрти пешак кај „Оровничка плажа“

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 19 часот, на патот Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“.

 |   | 

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 19 часот, на патот Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“. 

Вечерва околу 19:00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на стариот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, товарно возило удрило пешак, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршија полициски екипи, поради што сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеќе информации во текот на утрешниот ден – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

 

 

извор: ОхридПрес

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top