Германски „Der Spiegel“: Скопје се претвора во “грандиозен историски кич”

Германскиот весник Der Spiegel пишува дека на Македонија, поради изградбата и реализацијата на престижни проекти при реконструирањето на Скопје и се заканува колапс. Во текстот е наведено дека Скопје има нов споменик од Александар Македонски, кој чини 10,5 милиони евра.

Skopje
Скопје

Германскиот весник Der Spiegel пишува дека на Македонија, поради изградбата и реализацијата на престижни проекти при реконструирањето на Скопје и се заканува колапс. Во текстот е наведено дека Скопје има нов споменик од Александар Македонски, кој чини 10,5 милиони евра.

Skopje“Споменикот се издигнува на 30 метри во висина, а се наоѓа во самото срце на градот. Многу е автентичен, како репликата на Големиот канал во Лас Вегас. Блиску до тој споменик се наоѓаат и други јунаци од македонската историја. На другата страна на Вардар, на влезот на стариот град, се наоѓа споменик од Кралот Филип Втори, таткото на Александар. И на тоа место има други споменици”, пишува Der Spiegel.

Весникот додава дека меѓу нив има реновирани простории на министерства, театар и музеј посветен на книжевноста и револуционерите од 19. и 20. век.
Според наводите на весникот, македонските архитекти сметаат дека уредувањето на градот вреди повеќе стотици милиони евра, како и тоа дека Скопје се претворило во “грандиозен историски кич”.

SkopjeДодека едни тврдат дека станува збор за “неокласицизам”, владејачката ВМРО-ДПМНЕ овој проект го нарекла “Скопје 2014”, а истиот вреди 207 милиони евра.

Исто така, Der Spiegel наведува дека проблем во Македонија претставува што спомениците не го опфаќаат етничкото шаренило на земјата.

“Не е проблемот само во парите, туку и во историјата, античките и словенските мотиви, кои според некои аналитичари, на го одразуваат етничкото шаренило на Македонија. Многу малку луѓе ги анализираат и критикуваат спомениците, иако сето тоа потсетува на авторитарен режим”, наведува германскиот весник, кој важи за еден од најугледните во Германија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top